ПОВИК ЗА ПРАВНИ СУБЈЕКТИ ЗА ВКЛУЧУВАЊЕ ВО ПРАКТИКАНСКА ПРОГРАМА
- За проектот
Проектот „МладиХаб – градење вештини за вработување, компетенции и можности за вмрежување за младите” го спроведуваат Националниот младински совет на Македонија и Младинската група. Проектот е финансиран од Британската амбасада во Скопје и поддржан од Претседателот на Република Северна Македонија, а неговата цел е да придонесе кон професионален развој и економска независност на младите преку одржлив систем за градење вештини и компетенции прилагодени на потребите на пазарот на труд. Оваа цел проектот ќе ја постигне преку три компоненти, и тоа:
- Градење практични вештини кај младите што ќе им помогнат да најдат соодветно работно место;
- Креирање можности за поврзување на младите со работодавачите и
- Обезбедување поддршка за млади за вклучување на пазарот на труд и можности за нивен личен и професионален развој.
- За повикот
Во склоп на компонентата за градење на вештини кај младите, Националниот младински совет на Македонија отвара повик за правни субјекти (граѓански организации и претпријатија) кои сакаат да бидат дел од практикантска програма која ќе им помогне на младите да се стекнат со работно искуство и работни вештини преку кои ќе ја зголемат својата компететивност на пазарот на трудот. На овој начин, НМСМ ќе делува како посредник помеѓу младите заинтересирани за практиканство и правните субјекти кои сакаат да работат со практиканти, односно ќе селектира соодветен практикант согласно потребите на правниот субјект.
- Услови и бенефиции од учество во програмата
Граѓанските организации и претпријатијата кои ќе се пријават за практикантската работа ќе добијат:
- Поврзување со соодветен практикант во согласност со потребите на правното лице од страна на НМСМ
- Покирвање на нето месечен надомест од 12.500 денари во времетрање од два месеци за практикантот
- Поддршка во процесот на практиканство
- Потенцијал за обликување и градење на нов кадар во организацијата преку практикантската програма.
Правните субјекти кои имаат желба да примат практикант, треба да ги исполнуваат следните услови:
- Да имаат најмалку еден вработен
- Да имаат регистрирано профил на careerhub.mladihub.mk
- Да имаат својство на правно лице.
Правните субјекти кои сакаат да бидат дел од програмата за финансиска поддршка за реализација на практиканство ќе биде потребно да:
- Назначат одговорно лице кое ќе го менторира практикантот
- Назначат одговорно лице кое ќе комуницира со НМСМ за потребите на практикантската програмат
- Праќаат месечен извештај за напредокот на практикантот
- Го оценат задоволството од учеството во ваквата програма по нејзиниот завршеток.
Сите правни лица за кои НМСМ ќе мапира соодветен практикант ќе бидат контактирани со цел поврзување со практикантот и подготовка за реализација на практиканството. НМСМ ќе понуди целосна поддршка во времетраење на практикантската програма. Практикантската работа се очекува да започне најдоцна до октомври 2021 година, а ќе трае два месеци.
- Начин на апликација
Заинтересираните граѓански организации и претпријатија треба да го изразат својот интерес преку пополнување на пријавата која е достапна на следниот линк. Пријавата треба да биде пополнета не подоцна од 25.07.2021 година, на полноќ. Доколку се потребни дополнителни информации за проектот или повикот, слободно обратете се на [email protected] или на 070 399 058.