ОТВОРЕН ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА КОМИСИЈА ЗА ЧЛЕНСТВО НА НАЦИОНАЛЕН МЛАДИНСКИ СОВЕТ НА МАКЕДОНИЈА
Национален младински совет на Македонија (НМСМ) ги повикува сите заинтересирани членови на организациите членки на НМСМ да се пријават и да бидат дел од Комисијата за членство на НМСМ.
Секој кандидат кој има желба да биде дел од ова работно тело на советот, својата кандидатура ќе ја претстави пред Собранието на НМСМ. Оваа комисија за состои од најмалку три члена, чиј мандат трае две години.
Според Статутот на НМСМ, Комисијата за членство e претставена преку:
Член 53 – Комисија за членство
(1) Комисијата за членство е независно тело кое е одговорно за комуникацијата и соработката со организациите членки на НМСМ и потенцијалните организации членки на НМСМ.
(2) Комисијата за членство е составена од 3 члена избрани од страна на Собранието на НМСМ со мандат од 2 години и можност за реизбор.
(3) Членовите на комисијата за членство добиваат надоместок.
Согласно член 55 од Статутот на НМСМ, Комисијата за членство ги има следните надлежности:
(1) Ги разгледува апликациите за членство и констатира состојба за исполнетоста на условите за членство;
(2) Креира и доставува извештај за апликации за нови членки до собрание и го доставува до организациите членки;
(3) Врши ревизија на постојаното членство со цел обновување на членството на организациите членки;
(4) Поднесува извештај за обновување на членство до УО;
(5) Одржува редовна комуникација со организациите членки;
(6) Мапира и контактира нови организации членки;
(7) Дава предлози до Управниот одбор и Секретаријатот за унапредување на членството на НМСМ.
(8) Комисијата за членство се состанува по потреба, а најмалку 2 пати во една календарска година;
Изборот на членови на Комисијата за членство е регулиран со Член 69 од Статутот на НМСМ:
(1) Изборот на членовите на Комисијата за членство се спроведува врз основа на кандидатска листа на која под редни броеви по азбучен ред се наведени имињата на сите предложени кандидати.
(2) Секој член на Собранието има право да гласа за најмногу три кандидати од листата.
(3) За избрани ќе се сметаат оние кандидати кои добиле најголем број гласови, но не помалку од 1/3 од вкупниот број гласови на Собранието.
(4) Доколку во конкуренција за освојување на последното место во Комисија за членство повеќе кандидати имаат еднаков број гласови, гласањето за овие кандидати се повторува сè додека еден од нив не добие поголем број гласови од останатите.
Сите полноправни организации членки имаат право на номинација за еден член од својата организација.
Пријавувањето се врши со:
- Писмо за поддршка од организација која што го номинира кандидатот;
- CV на кандидатот;
- Мотивациско писмо.
Номинираното лице мора да биде на возраст од 18-35 години. Пријавите треба да се испратат на електронската адреса на НМСМ, [email protected] најдоцна до 03 ноември 2023 година, 23:59 часот (Централно европско време). со назнаката „Номинација за член на Комисија за членство на НМСМ“.
За повеќе информации обратете се на електронската адреса на НМСМ, [email protected] или на телефон 078 350 531.