ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДА ЗА ИЗРАБОТКА НА ВЕБ ПЛАТФОРМА

Националниот младински совет на Македонија објавува повик за прибирање понуди за изработка и дизајн на онлајн платформа (веб портал) кој ќе служи за младинско информирање и простор за директна комуникација помеѓу организациите, институциите и младите и за промовирање на различни можности. Веб платформата е наменета за користење на организациите членки на Советот и за објавување на повици и можности за образование, надградба, волонтерство, стажирање, работа, конкурси и настани, во земјата и странство.

Во делот на технички спецификации се обезбедени информации и детали за поедноставно осмислување на понудите.

Карактерисактеристики што треба да бидат имплементирани:

  • Веб апликација со поддршка на македонски јазик наменет за информативна содржина
  • Веб стандарден код;
  • Оптимизирани слики и графички решенија;
  • Административен панел CSM
  • Изработка и програмирање на заштитен административен дел со ограничен пристап, во кој право на пристап би имале одговорните лица и администраторот
  • Можност за внесување на нови, едитирање на постоечките како и бришење на записи во базата.
  • Едноставен за користење
  • Календар на настани
  • Пребарување
  • Социјални мрежи и линкови за поврзување
  • Google Analytics – Имплементација на код за Google Analytics, за анализа и следење на посетеноста.

 

Техничко одржување опфаќа:

  • Техничко одржување на виртуелниот приватен сервер каде што се хостира site-ot (инсталација и конфигурација на оперативен систем и доделување на IP адреса)
  • Дневен Back up на податоци
  • Restore на податоци 
  • Чистење на диск од непотребни логови и/или back up фајлови
  • Техничкото одржување треба да опфати и одредени промени/модификации на постоечките модули и функционалности најмногу до 5 часа во месецот


Ве повикуваме да ни доставите финансиска понуда според барањата, нацрт предлог за веб платформата и временска рамка во која би била изработена платформата најдoцна до
11.09.2020, 23:59 часот по електронски пат на [email protected].

Критериуми за утврдување на техничката или професионалната способност на понудувачот се: креирање на веб страни, информативни портали, како и работа на веб-страници на невладини организации.

Сподели