Четири искрени прашања и одговори со Елена Виларова Велковска, Генерален Секретар на Национален младински совет на Македонија

1. Која е Елена Виларова Велковска професионално и приватно?

Елена: Официјално сите кои ме познаваат ме викаат Нена, мајка на две деца, огромен љубител на животни и еколошки насторена кон природата. Рециклирам се што може да се рециклира и секогаш кога има можност за еко пријателски пристап го користам.
Професионално јас сум дипломиран социјален работник, специјалист за менаџмент со стратешки комуникации, магистрант по општествен развој и сертифициран обучувач од Јончепинг Универзитеот во Шведска. Повеќе од 15 години работам во граѓанскиот сектор, во локални организации и интернационални агенции.
Мојот почеток во граѓанскиот сектор беше како волонтер во Форум Сид Македонија кога ги отворавме нашите младински клубови. Како координатор на еден младински клуб имав улога заедно со волонтерите да ја креираме програмата за работа на младинскиот клуб базирано на потребите на младите во локалната заедница, да ги промовираме активностите и програмите кои се имплементираат. Оттука започна мојата љубов кон младински активизам и партиципација, промоција на различни хумани вредности и принцпи и заложби за подобрување на состојбата на различни целни групи во нашето општество и пошироко.
Како волонтер и млад човек стекнав големо искуство во областа на младинската работа и младинските политики и набрзо напредував во кариерата. Работев како проектен координатор, менаџер на различни проекти и програми, каде што главен фокус на моите активности беше да се креираат, имплементираат и следат програмите и политиките кои беа од организациски интерес, проширување на работните тимови, координација и следење на работата на вработените и соработниците и остварување на соработка со релевантни донесувачи на одлуки.
Од мојот прв ден како волонтер до сега, ме делат повеќе од 10 години искуство во развој и имплементација на различни програми и проекти од областа на инклузивно образование, социјална и детска заштита, инклузија на пазарот на трудот, вокациони обуки и зајакнување на капацитетите на младите, претставници на ГО и јавни и приватни институции.
Повеќе од 12 години професионално искуство во подготовка на тренинг програми од областа на: Младинско учество, лидерство, неформално образование, инклузивно образование, развој на лични и професионални вештини кај младите и други целни групи.
Менаџирањето со вработени и волонтери и дополнителна професионална надградба ми помогна да ги развијам своите вештини за управување со човечки ресурси и активно да придонесувам во улогата преку мотивација на вработените, управување со перфоранс и промени и следење на организациските цели.
Мојата улога како ментор за граѓански организации и граѓански сојузи е додадена вредност на мојата стручност во областа на развој на капацитетите на вработените и обезбедување поддршка за организациски развој.

 

2. Кои се твоите достигнувања во однос на младинска политика, младински активизам, младинско организирање и друго?

Елена: Со оглед на моето долгогодишно работно искуство, јас својот придонес во ова поле го имам обезбедено во секоја функција и организација каде што работев во изминатите години. Како Офицер за заштита на детските права во кризна ситуација во УНИЦЕФ, креирав тренинг програма за работа со адолесценти и поттикнување на младински активизам. Беа обучени лица од нашите партнерски организации и институции кои работат со млади за користење на неформални методи за работа со млади и партицпативен пристап во својата директна работа со млади.
Како дел од тимот на Црвен крст на РСМ, јас подготвив целосна програма за Академија за млади обучувачи и лидери, каде што учеснициите имаа можност да се стекнат со знаење и техники за организирање на обуки и работилници за млади на различни тематски области. Процесот беше проследен со менторство и континуирана поддршка на учесниците.
Како проектен координатор, младински работник и едукатор јас активно учествував во процесите на креирање на стратегиите за млади на национално и локално ниво, нивна промоција и заложби за нивна реализација. Од аспект на младински активнизам долго време работам на поттикнување на младите да земат учество во процесите на донесување на одлуки на локално и национално ниво, преку организирање на различни едукативни семинари, обуки и кампови. Веќе подолг период обезбедувам континуирана менторска поддршка на младите за нивен личен и професионален развој.
Најважно од се ми е да имаат проактивен пристап кон предизвиците со кои се соочуваат и да превземат одговорност за промените кои сакаат да ги видат во општеството. При работа со млади е клучно да се користи партиципативен пристап и да се дава навремено фидбек и поддршка.

 

3. Кои се твоите амбиции за промени на ниво на НМСМ и на национално ниво во однос на младинскиот сектор?

Елена: Пред се размислувам за проширување на членството во НМСМ бидејќи нашите членки се клучни за функционирањето и промовирањето на целите на Советот. Истовремено сакам да се насочиме кон зајакнување на капацитетите на членките и обезбедување поддршка за организациски развој на различни нивоа.
Вториот сегметент е одржливост на НМСМ и Секретаријатот, како и програмските активности, преку мобилизирање на фондови и проширување на нашиот тим.
Да продолжам со заложбите на Советот за промена и подобрување на состојбата на младите во државата, преку застапување на политиките и ставовите на организацијата и како Генерален Секретар ќе придонесам кон реализација на мисијата на НМСМ и целите.
Посебно својот личен и професионален придонес можам да го дадам во повеќе сегменти од развој на младинскиот сектор, промоција на неформалното образование и креирање на политики преку кои ќе се обезбеди поддршка за младите на локално и национално ниво.

 

4. Елена, зошто го избра токму НМСМ?

Елена: Бидјеќи сакам државата да биде место во кое младите ќе се гледаат себеси во иднина, ќе бидат активни членови на заедницата и ќе придонесуваат кон одржливи младински политики и економски развој на секоторот. Сметам дека мисијата и целите за кои се залага НМСМ директно влијаат врз подобрување на квалитетот на животот на младите.
Предизвикот да се биде дел од НМСМ е можноста да се работи во име на организации кои долги години работат во младинскиот сектор и да се обезбеди соодветна поддршка за организацискиот развој и застапување на заеднички ставови и интереси.
Би сакала да Ви се заблагодарам за можноста да бидам дел од ова големо семејство ? и за дадената доверба.

 

Контакт информации:

Елена Виларова Велковска
Генерален секретар
Национален младински совет на Македонија
М: 078 311 185
Е: [email protected]
Профил LinkedIn

Сподели