Љупка Јаневска – „Младинското учество во иднината на образованието“

Образованието е многу важно во животот на една индивидуа. Квалитетот на образованието генерално се смета како основа на општеството кое го зголемува нивото на економски, социјален просперитет и придонесува за поголема политичка стабилност. Нивото на образование го формира економскиот и социјалниот статус на една индивидуа, но и го зголемува нивото и влијанието на младинското учество во едно општество. Но, која е важноста од поттикнување и инволвирање на младите во образовните
реформи?

Процесот на вклучување на млади луѓе во образовната политика, во планирањето и програмата на образовните институции и одлуки кои влијаат врз нивните образовни и идни кариерни насочувања е темелот на зачувување на демократското одлучување во едно општество. Покренувањето на меѓугенеративни иницијативи од страна на официјални агенции за вклучување млади во нивните активности, или од млади луѓе да се здружат и да завземат акција за сопствените цели во образовниот систем се повеќе и повеќе се зголемува на глобално ниво во различни општествени системи. Во Калифорнија, младите се вклучени во документирање на нееднаквости во правилата за суспендирање додека пак во Мичиген, тие спроведуваат кампањи за нови наставни програми на училиштата, промовирајќи ја расната и етничката разновидност. Во Пенсилванија, тие работат на намалување на класните разлики и во промовирање на мотото: „образованието е право, а не привилегија’’. Поттикнувањето на ваквиот вид на младинското учество бара општествена промена во погледот на улогата на младите во општеството, кои често припишуваат авторитет на возрасните лидери, кои се залагаат за нив наместо да им овозможат на нив да се организираат преку заеднички иницијативи. Како и да е се очекува овие младински иницијативи во иднина да се зголемат и одредени приватни фондации да обезбедат финансирање или некој вид на поддршка на влијанието на ова младинско учество.

Зголемувањето на младинското учество и подготовката на идни студии и истражувања во однос на нивото на младинското учество во образованието поконцизно ќе ги спореди резултатите од другите младински учества. Врз основа на собраните статистички податоци и анализи на нивото на младинското учество ќе се обезбеди легитимен извор на информации и идеи за донесување на политики и програмски одлуки предложени од страна на младите луѓе.Можноста да се има јавен увид во предложените политики, стратегии и акции во образовниот систем не само што ќе поттикне други млади да се активираат, но исто така ќе ги подготви за активно учество во демократско општеството со зголемување на нивната индивидуална вклученост и можност за создавање на позитивна промена во заедницата.

 

Извори:
• Barry Checkoway, (2006),‘’Youth participation for educational reform in low-income communities of color’’,
http://citeseerx.ist.psu.edu/viewdoc/download?doi=10.1.1.556.6477&rep=rep1&type=pdf
• ‘’Commission of the european communities’’ (2007), ‘’Promoting young people’s full participation in education, employment and society’’, https://pjpeu.coe.int/documents/42128013/47261659/Comm-05-09-07-EN.pdf/af5f5b11-8bde-4233-b678-9fd78f3554f7
Фотограгија: Ана Мендез
Сподели