Аврам Ќипровски – „МЛАДИНСКОТО УЧЕСТВО ВО ИДНИНАТА НА ОБРАЗОВАНИЕТО“

Младите го туркаат образованието во вистинската насока. Покрај тоа што официјалниот
статус на училиштата гласи „затворено поради пандемија“, млади професори и
наставници организираат онлајн настава и делат домашни задачи за материјалот кој тие
го предаваат. Дел од нивните ученици ова го прифаќаат со полн ентузијазам, сакаат да
учат нови работи користејќи нови начини и се движат кон истото. Овие млади се оние кои
би претвориле гејмерска платформа во онлајн читална, без разлика дали се професори
или студенти.

Благодарение на технологијата, денес вистинското образование се повеќе се случува во
нашите домови и во неформални центри за едукација отколку во нашите училишта и
универзитети. Во тој поглед, пандемија како оваа денес е потенцијално добра за
образовните институции бидејќи станува очигледно дека формалното образование не е
во чекор со нашите потреби. Поради тоа не е во чекор со сите едукативни алатки кои
технологијата ги нуди.

Потребни се реформи. Бидејќи младите се најмногу во допир со технологијата и сите
едукативни алатки кои произлегуваат од истата, токму тие се оние кои имаат најголемо
учевство во образованието за време на пандемија. Алатки како „duolingo“, „discord“
сервери за учење, форуми за помош при домашни задачи и едукативни „youtube“ канали
се создадени поради целосно учество на младите во едукативниот процес. За жал сето
тоа најчесто се случува надвор од рамките на формалното образование. Младите
професори и наставници кои имаат интерес, веќе користат онлајн едукативни алатки за
предавање и оценување, како и за надградување на сопственото знаење. Тие се свесни
дека нивните ученици организираат онлајн групи и училници во кои пристапуваат и
расправаат за дадениот материјал. Младите професори го охрабруваат ваквиот тип на
користење на технологија и препознаваат колку е важно да се следи интересот на
нивните студенти со цел да се охрабри нивната желба за учење, особено за време на
пандемија. Едукативни алатки ќе продолжат да се развиваат и излегуваат на површина
токму поради специфичниот начин на младинското учествување во образовниот процес.
Поради овие причини младите се тие личности кои го туркаат образованието во насока во
којашто апсолутно е потребно да се движи.

Пандемијата не принуди да разбереме дека имаме во досег моќна технологија којашто
има капацитет да биде клучна околу едукативните цели со оглед на интересот на
младите. Секој учесник без разлика на неговиот статус, наставник или ученик може да
преземе иницијатива и да ја користи оваа технологија за образовни цели. Улогата на
младите во образованието за пандемија се карактеризира со нивното прекумерно
користење на технологија, едукативни алатки, онлајн курсеви и онлајн читални.

Сподели