Анализа: Какви мерки се кројат за младите?

Декларативно младите се високо на агендата на сите политички субјекти во Република Северна Македонија. Но, што тоа всушност значи? Колку се тие вистински предизвик за политичките партии и институциите? Колку и какви ветувања се правени за нив и во нивно име од страна на политичките партии? Знаат ли младите да ги протолкуваат и препознаат ветувањата и мерките?
Овие прашања беа водилка на нашата анализа, во која се обидовме да ги изброиме и класификуваме мерките за младите луѓе кои беа дадени во 2020 година од страна на политичките партии кои учествуваа на парламентарните избори, притоа водејќи се од 11-те индикатори за младински политики на Европскиот младински форум.
На анализата работеа Националниот младински совет на Македонија заедно со LEAD – Лидери за едудкација, активизам и развој, а истата опфати 11 политички субјекти, и тоа: Демократска партија на Албанците, Демократи, СДСМ (и партиите во коалицијата „Можеме”), Левица, Алијанса за Албанците и Алтернатива, Глас за Македонија, Граѓанско демократска унија, Интегра, Демократска унија за интеграција, ВМРО-ДПМНЕ (и партиите во коалиција) и Твоја партија.
Анализата на мерките за млади на програмите на политичките партии од парламентарните избори во 2020 е достапна на следниот линк.