Гаранција за млади
Мерката Гаранција за млади им овозможува на младите лица до 29-годишна возраст, кои не се вработени, ниту се вклучени во образование или обука (NEET), да добијат соодветна понуда за работа, да го продолжат своето образование или да бидат вклучени во некоја од активните програми и мерки за вработување, во период од 4 месеци по нивното евидентирање како невработени лица во Агенција за вработување.
Доколку сте младо лице (15-29) години и во моментот не сте вработени и не сте во процес на образование или обука, имате можност да станете дел од Гаранцијата за млади и имате шанса да се вклучите во некоја од активните мерки на Агенција за вработување.
Во рамките на Гаранцијата млади има и теренски работници коишто на терен информираат за Гаранцијата за млади и им даваат поддршка на младите лица да се активираат на пазарот на труд.
Теренските работници работат на терен во општините во:
- Скопски регион
- Североисточен регион
- Источен регион
- Југоисточен регион
Доколку и вие припаѓате во некоја од овие одделни региони, пријавете се на следниот формулар: https://forms.gle/273LFDTeX9MXBaM77 и ќе бидете контактирани од теренските работници коишто ќе ве информираат подетално за Гаранцијата за млади и за тоа како да се вклучите во истата.
Пристап до google формата имате на следниот линк: https://forms.gle/273LFDTeX9MXBaM77