Избрани најдобрите есеи по повод Светскиот ден на младите

Среќен Светски ден на младите! ???

Би сакале да им се заблагодариме на сите оние кои биле дел од нашите активности, обуки или едноставно не поддржувате и следите на нашите социјални мрежи.

Националниот младински совет на Македонија активно работи да им отвори нови врати на младите лица преку активности кои придонесуваат за поголемо вклучување на младите во сите процеси на национално и локално ниво.

Овој ден би сакале да го одбележиме со најавување на победничките есеи на темата „Младинското учество во иднината на образованието“!

 

На прво место е Љупка Јаневска која освои ваучер во износ од 2500 денари од Сакам Книги и долга обука по нејзин избор од MladiHub.
На второ место е Ванѓел Ѓорѓиев кој освои ваучер во износ од 1500 денари од Сакам Книги и средна обука по негов избор од MladiHub.
На трето место е Александар Темелкоски кој освои ваучер во износ од 1000 денари од Сакам Книги и кратка обука по негов избор од MladiHub.

 

Победниците ќе бидат контактирани во текот на оваа недела за да ги информираме како да си ги подигнат нивните награди!

Во текот на целиот месец ќе бидат објавени сите испратени есеи од учесниците на нашата веб страна.

#InternationalYouthDay #СветскиДенНаМлади
#youthEngagement
#младинскоУчество
#YouthForFuture
#МладитеЗаИднината #DitaNdërkombëtareeRinisë
#AngazhimRinor
#TëRinjtëPërTëArdhmen

Сподели