Консултативна средба за Структурен дијалог

Национален младински совет на Македонија (НМСМ), Ве поканува да учествувате на консултативна средба која е дел од националните консултации за Структурен дијалог на Европската Унија. Оваа средба е наменета за сите млади лица од 15 до 29 години кои доаѓаат од регионот на Скопје.

Средбата ќе биде на 20.02.2018 год. во 10 часот во канцеларијата на НМСМ (ул. Аминта Трети 21-1/3, Скопје). За учество пријавете се на овој линк.

Структурен дијалог е механизам на Европската унија со која се гарантира дека мислењето на младите луѓе ќе биде земено во предвид при процесот на креирање на младински политики. Тој претставува циклус кој трае 18 месеци, се спроведува на национално ниво како и на ниво на Европска Унија на определена тематска област од интерес на младите луѓе. Во овој момент се спроведува VI циклус на Структурен дијалог на тема: „Млади во Европа, што е следно“?, со кој управуваат Естонија, Бугарија и Австрија.

За потребите на националниот процес на Структурен дијалог, НМСМ спроведува консултативни средби во сите плански региони на Македонија со цел да се креираат препораки кои ги отсликуваат интересите и потребите на младите луѓе во Македонија. Исто така средбата ќе се искористи за да се дискутира за тековните младински процеси на ниво на Република Македонија.

На средбата ќе присуствуваат претставници на младински организации, локални младински совети како и претставници на локалните самоуправи, препораките и заклучоците од дискусијата ќе бидат вклучени во националните препораки на Македонија за процесот на Структурен дијалог.

Доколку имате определени побарувања или забелешки контактирајте не на [email protected] или на телефонскиот број 078 350 531.

Сподели