Листа на младински службеници

Младите добија партнер за соработка во секоја институција.

За остварување на правото на слободно организирање, како и полесен пристап до информациите кои се од интерес на младите, во Законот за младинско учество и младински политики беше предвидено воспоставување на службеник за млади во сите органи на државната управа, како и во општините и општините во Градот Скопје и Градот Скопје.

Каква функција имаат младинските службеници?

Во секоја државна и локална институција има одговорно лице или младински службеник кој е одговорен за работењето на Канцеларијата за млади за координирање, спроведување и следење на прашања од интерес на младите во делокругот на надлежностите на самата институцијата.

Младинскиот службеник ќе им ги одговара прашањата на младите од доменот на институцијата што ја претставува, како на пример самовработувањето, програмите во министерствата и сѐ што ги интересира, а досега немало кој подробно да им го објасни или одговори тие прашања.

Службениците за млади изготвуваат годишни извештаи за работата на институциите во делокругот на млади кои ги поднесуваат до Агенцијата за млади и спорт и ги објавуваат на веб-страниците на органите на државната управа, општините, општините во градот Скопје и градот Скопје.

Целосната листа со службеници за млади е достапна на овој ЛИНК.

Сподели