Младите и работничките права – панел дискусија

Националниот младински совет на Македонија во партнерство со организациите членки Реактор –  истражување во акција и Секција на млади на Сојуз на синдикати на Македонија започнува со Национална кампања “Информирање на младите за нивните работнички права”

Оваа кампања е дел од Платформа за соработка за млади од Западен Балкан спроведуван од страна на Националниот младински совет на Македонија. Идејата позади реализацијата на национална кампања за работнички права е пред сѐ да се истражи запознаеноста на младите со нивните права кога станува збор за вработување.

Оваа панел-дискусија е првата активност од Националната кампања. За време на дискусијата, панелистите ќе дискутират различни аспекти на работнички права и тоа: вовед во работнички права, младински работнички права, работнички права на студентите, работнички права на млади родители, работнички права во време на Ковид-19 како и прекршување на работничките права.

Агендата за настанот погледнете ја тука

Сподели