НАЦИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА „ПРЕТПРИЕМАЧКО УЧЕЊЕ”

Националниот младински совет на Македонија во рамки на проектот „Балкански млади: поврзување на едукацијата, способностите и партнерскиот потенцијал во регионални практики за вработување“ организира национална конференција за претприемничко учење.

Националната конференција се одржува со цел размена на практики помеѓу јавниот и граѓанскиот сектор и заложба за промоција и понатамошно развивање на претприемничкото учење.

Националната конференција ќе се спроведе преку интернет, на платформата ZOOM, на 29-ти октомври со почеток во 10 часот и на истата ќе има претставници на државните институции, студентски компании, граѓански организации, наставници, средни училишта, стопански комори, млади лица и слично.
Свое обраќање на конференцијата ќе земат претставници од Министерство за образование и наука, Фонд за иновации и технолошки развој, Џуниор Ачивмент, Асоцијација за развој на нови опции – АРНО и АЛТИУС Солушнс.

Предвидената програма на конференцијата се состои од три панел дискусии на следниве теми:

1)„Кој е системот за поддршка за претприемничките идеи од младите луѓе на локално ниво?”
2)„Претприемништво кај студенти и средношколци”
3)„Можности и препораки за интегрирање на концептите на социјално претпримеништво и општествена одговорност во рамки на формалното образование“

Дополнително ќе има и презентација за предизвиците со кои младите претприемачи се соочуваат.

Проектот започна со реализација во март 2020 во партнерство со 6 организации и тоа: Junior Achievement Serbia, Western Balkans Institute – Србијa, Junior Achievement of Albania – Албанија, JA Turkey – Турција, Social Innovation Incubator MUNJA – Босна и Херцеговина, Student Business Association – Црна Гора и JA Europe – Белгија, а ќе се реализира до 2023 година.

Главната цел на проектот е да придонесе за младински претприемачки можности и да ги зајакне перспективите за
вработување на младите од Западен Балкан.

Агендата за конференцијата можете да ја погледнете на следниот линк

Погледнете кратка видео презентација за проектот:

Сподели