ОБУКА ЗА КАРИЕРНО СОВЕТУВАЊЕ ВО БИТОЛА
За проектот
Проектот „МладиХаб – надминување на нееднаквоста меѓу младите” го спроведува Националниот младински совет на Македонија во соработка со Stella Network. Проектот е финансиран од Британската амбасада во Скопје и поддржан од Претседателот на Република Северна Македонија, а неговата цел е да ги поддржи и поттикне девојките и младите жени на возраст од 15 до 29 години во Северна Македонија да бидат поактивни во општеството и да креира поеднаков пристап до можностите во јавниот живот, во приватниот сектор и со тоа во процесот на донесување одлуки на локално и национално ниво.
Оваа цел проектот ќе ја постигне преку три компоненти, и тоа:
- Улогата на жената во општеството – разбирање на концептите за родова еднаквост во креирањето и спроведувањето на политиките (национална анализа за нееднаквоста помеѓу младите, национална кампања за покревање на свест за родова еднаквост, локални јавни настани за поддршка на млади девојки);
- Програма за одржливо менторство за жени, особено на локално ниво (менторство, обука за наставници, поддршка на локални младински совети, поддршка на локални младински иницијативи, креирање на локални младински стратегии);
- Овозможување економска независност за младите жени и девојки (кариерно советување, практикантство, мобилна апликација за практиканти).
За повикот
Преку програмата за кариерно советување проектот ќе обезбеди поддршка на млади лица кои се во дилема за изборот на кариера, изборот на факултет, изборот на професија но и за оние млади кои веќе имаат успешна кариера но сакаат промена. Програмата има за цел да ги инспирира и охрабри учесниците да ги следат своите професионални желби но истовремено и да работат на нивно остварување. Првата група која ќе биде опфатена преку програмата ќе започне во март 2023 година, а првата средба ќе биде групна средба (онлајн или со физичко присуство, во зависност од желбата на учесниците). Потоа секој учесник ќе има 3 индвидиуални менторски средби со кариерен советник, по што на крајот на програмата ќе се изработи и план за кариерен развој за секој учесник. Учеството е бесплатно. Индивидуалните средби со сертифицираните кариерни советници ќе се одвиваат во термин кој учесниците и советниците самостојно ќе си го договорат.
Програмата за кариерно советување Националниот младински совет на Македонија за прв пат ја реализираше помеѓу октомври 2021 и март 2022 година и опфати 100 млади лица. Речиси 30% од учесниците се вработија 6 месеци по завршувањето на советувањето, а уште толку ја променија својата кариера во насоката која ја посакуваа.
Услови и обврски за учество во програмата
Заинтересираните кандидати за учество во програмата за кариерно советување е потребно:
- Да бидат на возраст помеѓу 15 и 29 години;
- Да се средношколци или да имаат завршено најмалку средно образование;
- Да не се во работен однос и
- Да имаат регистрирано профил на платформата CareerHub.
Учесниците ќе имаат обврска активно да се вклучат во програмата за кариерно советување од почеток до крај.
Начин на пријавување
Заинтересираните кандидати треба да имаат регистрирано профил на платформата CareerHub и да го пополнат формуларот достапен на овој линк. Повикот ќе биде отворен цело време, додека не се пополнат сите места односно додека не се опфатат 25 млади лица. Доколку се потребни дополнителни информации за проектот или повикот, слободно обратете се на [email protected] или на 070 399 058.
Обуката ќе биде одржана на 05.10.2023 – 06.10.2023.