Оглас за координатор за комуникации, брендирање и односи со јавност

ГО ПРОШИРУВАМЕ ТИМОТ!

Сакате да работите во пријатна атмосфера, мотивирани и постојано со можност за напредок во кариерата? Искористете ја оваа можноста која Ви ја нудиме и станете дел од нашиот успешен тим.

Доколку сметате дека сте подготвени за комуникативна и креативна работа продолжете да читате.

Националниот младински совет на Македонија е чадор организација којa што е основана во јуни 2013-та година. Во моментов во Советот членуваат 48 организации, сојузи и подмладоци на политички партии. Организациите кои што се дел од советот работат на различни полиња кои што се поврзани со младите, од невработеност и меѓукултурен дијалог, до корупција, здравствени прашања и неформално образование. Истите, иако се разликуваат по организациска структура и големина, се обединети под интересот да ги претставуваат младинските потреби и проблеми, застапувајќи за системски решенија кои ќе овозможат младите активно да се вклучени во процеси на носење на одлуки на сите нивоа.

 

Поради зголем обем на активности и проекти НМСМ објавува оглас за:

Работна позиција: Координатор за комуникации, промоција и брендирање
Локација: Канцеларија на НМСМ, Скопје
Профил на кандидатот:

  • Одлични комуникациски вештини;
  • Проактивност и висока исполнителност;
  • Способност за работење во динамична работна средина;
  • Можност да работи од канцеларија базирана во Скопје;
  • Можност да патува во рамките на државатa и надвор од неа за потребите на организацијата;
  • Да има капацитет да презема и извршува обврски со строго почитување на зададените рокови и да направи приоритет на работа;
  • Да има капацитет да работи со луѓе со различна социјална и културна позадина;
  • Да е способен/на да работи по сопствена иницијатива.

 

Потребни знаења и вештини:

  • Најмалку 2 годишно релевантно работно искуство;
  • Високо образование во областа на комуникација и односи со јавноста (пожелно);
  • Одлично познавање на македонски и англиски јазик, познавање на албански јазик ќе се смета за предност;
  • Познавања и претходно искуство во граѓански организации, посебно во мрежи/сојузи/или младински организации, како и водење на мрежи и комуникација со јавност;
  • Напредно познавање на MS Office: Word, Excel, PowerPoint (задолжително), познавање на програми за дизајнирање и WordPress ќе се смета за предност;
  • Претходно искуство во организација на настани и креирање на промотивни материјали;
  • Познавање и искуство со социјални медиуми и останати алатки за информирање и промоција;
  • Искуство во креирање на соопштенија за јавност;
  • Искуство и вештини за подготвување апликации, имплементирање и мониторнинг на проектни активности за млади;
  • Искуство во работа со различни засегнати страни во исто време.

 

Опис на главните работни задачи:

  • Подготовка на комуникациска стратегија и акциски план;
  • Подготовка и одржување на веб-страницата и останатите информативни канали на НМСМ,
  • Подготовка на веб содржини, селекција на фотографии и илустрации;
  • Подготовка на промотивни материјали за НМСМ;
  • Организација на настани во склоп на НМСМ;
  • Промоција на работата на НМСМ и организациите членки;
  • Контрола и креирање на содржината на организациите кои ги пласира во јавност, вклучувајќи соопштенија за медиуми, покани за медиуми и други содржини кои произлегуваат од проектните и програмските активности на организацијата
  • Учество во подготовка на проекти, успешно и навремено планирање, спроведување и координирање на проектните активности за кои е задолжен/а;
  • Обезбедување медиумска покриеност на активностите;
  • Редовно ги следи објавите во медиуми поврзани со НМСМ и истите ги документира;
  • Подготвува годишен работен план согласно Комуникациската стратегија;

 

Што нудиме?

  • Позитивна работна средина
  • Простор за професионална и лична надградба
  • Менторство и поддршка во исполнување на работните задачи
  • Флексибилно работно време
  • Платен годишен одмор од 24 дена
  • Дополнително приватно здравствено осигурување
  • Позицијата е со полно работно време (40 часа неделно)
  • Почетна плата: 25000 денари, нето износ.

 

Како да аплицирате?

Испратете кратка биографија и мотивациско писмо на следната е-маил адреса: [email protected] со назнака: [име и презиме] – Координатор за комуникации во НМСМ најдоцна до 16.08.2020 до 23:59 часот.

Само кандидатите кои ќе бидат селектирани за интервју ќе бидат контактирани.

Сподели