ОГЛАС ЗА ПРОГРАМСКИ АСИСТЕНТ
ПОРАДИ ЗГОЛЕМЕН ОБЕМ НА АКТИВНОСТИ И ПРОЕКТИ, НМСМ ОБЈАВУВА ОГЛАС ЗА:
Работна позиција: програмски асистент во програма за стратешки развој
Локација: Канцеларија на НМСМ, Скопје
ЗА ПРОГРАМАТА:
Во склоп на програмата за стратешки развој ќе се работи на креирање и поттикнување на процеси, активности и програми за градење на капацитетите на младинските форми на организирање; креирање на процеси, активности и програми во насока на личен и професионален развој на младите; застапување и соработка со сите релевантини чинители, а со цел унапредување на капацитетите и можностите за младинските форми на организирање и унапредување на благосостојбата на младите.
ПРОФИЛ НА КАНДИДАТОТ:
- Одлични комуникациски вештини;
- Способност за работење во динамична работна средина;
- Можност да работи од канцеларија базирана во Скопје;
- Можност да патува во рамките на државатa и надвор од неа за потребите на организацијата;
- Да има капацитет да презема и извршува обврски со строго почитување на зададените рокови и да направи приоритет на работа;
- Да има капацитет да работи со луѓе со различна социјална и културна позадина;
- Самоиницијативност и способност за работа под притисок.
ПОТРЕБНИ ЗНАЕЊА И ВЕШТИНИ:
- Минимум 1 година работно искуство во невладин сектор и/или на проекти;
- Одлично познавање на Microsoft Office;
- Познавање англиски јазик;
- Вештини за административно работење;
- Способност за работа во тим и почитување на дадените рокови за извршување на доверените задачи;
- Познавање на работата на НМСМ и младинскиот сектор;
- Членување во организација членка на НМСМ ќе се смета за предност;
- Завршено високо образование ќе се смета за предност;
- Познавање албански јазик ќе се смета за предност.
ОПИС НА ГЛАВНИТЕ РАБОТНИ ЗАДАЧИ:
- Подготовка на планови за спроведување на активности во рамки на програмата;
- Подготовка на програмски и проектни документи;
- Логистичка поддршка при имплементација на активности во рамки на програмата;
- Техничка поддршка при имплементација на активности во рамки на програмата;
- Подготовка на извештаи и дополнителна документација за спроведените активности;
- Комуникација со учесници во програмските активности;
- Подготовка на повици, договори и други администратвини документи за активностите во рамки на програмата;
- Учество во подготовка на проекти, успешно и навремено планирање, спроведување и координирање на проектните активности за кои е задолжен/а;
- Подготовка на наративни (периодични, финални и ad hoc извештаи) за донатори, собрание и други засегнати страни;
- Редовна координација со Програмскиот менаџер и Програмскиот координатор;
- Други активности во насока на постигнување на стратешките приоритети и цели на НМСМ.
НУДИМЕ?
- Позитивна работна средина
- Простор за професионална и лична надградба
- Менторство и поддршка во исполнување на работните задачи
- Флексибилно работно време
- Платен годишен одмор од 24 дена
- Приватно здравствено осигурување
- Позицијата е со полно работно време (40 часа неделно)
- Почетна плата од 24.000 денари, нето износ, со можност за зголемување по завршување на пробниот период
КАКО ДА АПЛИЦИРАТЕ?
Испратете кратка биографија и мотивациско писмо на следната е-маил адреса: [email protected] со назнака: [име и презиме] – Програмски асистент најдоцна до 27.03.2022 до 23:59 часот. Сите претселектирани кандидати ќе бидат поканети на тестирање. Кандидатите кои успешно ќе го поминат тестирањето ќе бидат повикани на интервју.