ОТВОРЕН ПОВИК ЗА НОМИНИРАЊЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА НАЦИОНАЛЕН МЛАДИНСКИ СОВЕТ НА МАКЕДОНИЈА

Во пресрет на редовното Собрание, Национален младински совет на Македонија отвара повик за номинирање на Претседател. Национален младински совет на Македонија (НМСМ) ги повикува сите заинтересирани членови на организациите членки на НМСМ да се пријават и да бидат дел од раководството на НМСМ.

Секој номиниран кандидат ќе има можност да ја претстави својата номинација за време на Генералното собрание. Изборот ќе се врши по пат на тајно гласање од страна на полноправните членки на НМСМ на Генералното собрание.

 

Според Статутот на НМСМ, Претседателот e претставен преку:

 

Член 44 – Претседател

(1) Претседателот е самостоен орган кој го застапува и претставува НМСМ, а за својата работа одговара пред Собранието на НМСМ.

(2) Претседателот на НМСМ е член на Управниот одбор по функција и раководи со неговото работење.

 

Член 45 – Должности на претседателот

(1) Претседателот се грижи работата на НМСМ да биде во согласност со Уставот, законските и подзаконските прописи на Република Северна Македонија, како и во согласност со Статутот и другите акти на НМСМ, и се грижи за спроведување на одлуките на органите на НМСМ.

(2) Претседателот на НМСМ е овластен да презема дејствија во врска со сите тековни активности на НМСМ, со исклучок на донесување одлуки и преземање дејствија кои се во надлежност на Собранието и Управниот одбор.

 

Согласно член 46 од Статутот на НМСМ, во рамките на своите надлежности, претседателот на НМСМ особено ги врши следниве работи:

а) Претседава со седниците на Собранието и Управниот одбор на НМСМ;

б) Ја следи работата и врши координација на извршните и оперативните органи и тела на НМСМ во врска со утврдените активности и се грижи за редовно вршење на работите кои се извршуваат во рамките на НМСМ;

в) Одговорен е за спроведување на одлуките на Собранието и на Управниот одбор на НМСМ;

г) Врз основа на одлука на Управниот одбор отвора и затвора банкарски сметки на НМСМ;

д) Го преставува НМСМ на повик, или по лична иницијатива на настаните, манифестациите, состаноците и собирите што ги организира НМСМ, неговите членови, други меѓународни и национални организации, органите на државата, единиците на локалната самоуправа и останатите органи и организации, доколку е тоа во согласност со целите на НМСМ, а по претходна консултација со УО;

ѓ) Поднесува извештај за работата на НМСМ во мандатниот период;

е) Врши други работи во согласност со закон, овој статут, интерните акти на НМСМ и актите на Собранието.

За својата работа, Претседателот на НМСМ добива надоместок.

 

Изборот на претседател на НМСМ е регулиран со Член 65 од Статутот на НМСМ:

(1) Претседателот на НМСМ се избира со мандат во времетраење од две години, со можност за еден реизбор.

(2) Претседателот го избира Собранието на НМСМ со мнозинство гласови од вкупниот број гласови на Собранието.

(3) Доколку ниту еден од кандидатите не го освои мнозинството од став 2, се организира втор круг гласање во кој учествуваат прворангираниот и второрангираниот кандидат според бројот на гласови.

(4) Во вториот круг за избран ќе се смета оној кандидат што освоил мнозинство гласови од гласовите претставени на Собранието, но не помалку од 1/3 од вкупниот број гласови.

(5) Доколку на изборите е кандидиран само еден кандидат, тој ќе се смета за избран доколку освои мнозинство гласови од гласовите претставени на Собранието, но не помалку од 1/3 од вкупниот број гласови.

 

Согласно член 71 од Статутот на НМСМ, Кандидатот за претседател на НМСМ кон кандидатурата задолжително доставува предлог-програма за работа за мандатниот период.

 

Сите полноправни организации членки имаат право на номинација за еден член од својата организација.

Пријавувањето се врши со:

 

При пополнување на формуларот, кандидатите за претседател е потребно да ги прикачат следниве документи:

  • Предлог-програма за работа за мандатниот период;
  • Писмо за поддршка од организација која што го номинира;
  • CV на кандидатот;

 

Кандидатот за претседател мора да биде на возраст од 18-35 години. Формуларот треба да се пополни најдоцна до 03 ноември 2023 година, 23:59 часот (Централно европско време).

За повеќе информации обратете се на електронската адреса на НМСМ, [email protected] или на телефон 078 350 531.

Сподели