ОТВОРЕН ПОВИК ЗА НОМИНИРАЊЕ НА ЧЛЕНОВИ НА УПРАВЕН ОДБОР НА НАЦИОНАЛЕН МЛАДИНСКИ СОВЕТ НА МАКЕДОНИЈА
Во пресрет на редовното годишно Собрание, Национален младински совет на Македонија отвара повик за номинирање на членови на Управен одбор на НМСМ. Национален младински совет на Македонија (НМСМ) ги повикува сите заинтересирани членови на организациите членки на НМСМ да се пријават и да бидат дел од раководството на НМСМ.
Секој номиниран кандидат ќе има можност да ја претстави својата номинација за време на Генералното собрание. Изборот ќе се врши по пат на тајно гласање од страна на полноправните членки на НМСМ на Генералното собрание.
Според Статутот на НМСМ улогата на Управниот одбор е претставена преку:
Член 43
Помеѓу две седници на Генералното собрание, со работата на НМСМ управува Управниот одбор.
Управниот одбор го сочинуваат 7 (седум) членови, од кои 5 (пет) се избираат од страна на Генералното собрание, додека Претседателот и Потпретседателот на НМСМ се членови на Управниот одбор по функција.
Управниот одбор за својата работа одговара пред Собранието.
Работата на членовите на Управен одбор е на волонтерска основа.
Управниот одбор може полноважно да работи доколку на седниците присуствуваат повеќе од половина од неговите членови.
Управниот одбор одржува седници најмалку еднаш месечно.
Одлуките на Управниот одбор се донесуваат со мнозинство гласови од вкупниот број членови, освен ако за одделни прашања не е поинаку определено со овој Статут.
Работата на Управниот одбор се регулира со посебен Деловник кој се усвојува со мнозинство гласови од вкупниот број од неговите членови.
Според член 45 од Статутот на НМСМ, Управниот одбор ги има следниве надлежности:
- Раководи со НМСМ помеѓу две седници на Собранието;
- Ги спроведува донесените одлуки и заклучоци на Собранието;
- Распишува конкурс за генерален секретар, го избира и разрешува истиот;
- Ги застапува интересите на организацијата и нејзините членки;
- Учествува во обезбедувањето на финансиска поддршка за работата на организацијата;
- Поднесува извештај за својата работа пред Собранието;
- Врши надзор на работата на Секретаријатот;
- Предлага измени и дополнувања на Статутот, како и донесување на нов Статут;
- Донесува одлуки за формирање на комисии и тела за извршување работи од негова надлежност;
- Донесува правилници и други акти со кои поблиску се регулираат определени прашања во врска со работата на НМСМ;
- Го утврдува износот на годишната членарина;
- Именува претставници на НМСМ во други организации, здруженија, органи на власта и меѓународни организации;
- Работи во насока на постигнување на целите и остварување на принципите на НМСМ и целокупниот развој на организацијата;
- Врши други работи во согласност со овој Статут, интерните акти на НМСМ, позитивно-правните прописи, како и работи кои н се во надлежност на ниту еден друг орган на НМСМ.
Сите организации членки имаат право на номинација за еден член од својата организација.
Пријавувањето се врши со:
- Пополнување на формулар за апликација – член на управен одбор;
- Писмо за поддршка од организација која што го номинира;
- CV на кандидатот;
- Мотивациско писмо.
Номинираното лице мора да биде на возраст од 18-35 години. Пријавите треба да се испратат на електронската адреса на НМСМ, [email protected] најдоцна до 07 април 2021 година, 23:59 часот со назнака: „Номинација за член на Управен одбор на НМСМ“.
За повеќе информации обратете се на електронската адреса на НМСМ, [email protected] или на телефонскиот број +38978 350 531.