Отворен повик за пријавување за Комисија за членство на Национален младински совет на Македонија

Национален младински совет на Македонија (НМСМ) ги повикува сите заинтересирани членови на организациите членки на НМСМ да се пријават и да бидат дел од Комисијата за членство на НМСМ.

Секој кандидат кој има желба да биде дел од ова работно тело на советот, својата кандидатура ќе ја претстави пред Собранието на НМСМ. Оваа комисија за состои од најмалку три члена, чиј мандат трае две години.

Комисијата за членство ги има следните улоги и задачи:

  • Да собира документи од организации членки за проверка на исполнување на критериумите за членство;
  • Со поддршка на Секретаријат и Управен одбор да ги контактира организациите членки и апликанти за појаснување на доставените податоци или дополнување на документацијата;
  • Да врши проценка дали организацијата членка или апликант за членство ги задоволува/исполнува критериумите за членство на НМСМ;
  • Да одржува директен контакт со организациите кои аплицирале за членство во НМСМ при разгледување на нивните апликации за членство;
  • Да го констатира статусот на организациите во НМСМ и кандидатите членство во НМСМ и за тоа да го извести Управниот одбор и Генералното собрание на НМСМ.
  • Со претставници на УО и Секретаријат врши редовни посети на членки на НМСМ и на потенцијални и кандидати за членки

Сите организации членки имаат право на номинација за еден член од својата организација.

Пријавувањето се врши со:

  • Писмо за поддршка од организација која што го номинира кандидатот;
  • CV на кандидатот;
  • Мотивациско писмо.

Номинираното лице мора да биде на возраст од 18-35 години. Пријавите треба да се испратат на [email protected],  најдоцна до 10 април 2020 година, 23:59 часот, со назнака: „Номинација за член на Комисија за членство на НМСМ“.

За повеќе информации обратете се на електронската адреса на НМСМ [email protected].

Сподели