Повик за ангажирање на надворешен соработник за поддршка на стратешкото планирање на работата на Националниот младински совет за периодот 2021 – 2023
Националниот младински совет на Македонија (НМСМ), објавува повик за ангажирање на надворешен соработник за поддршка на стратешкото планирање на работата на НМСМ за периодот 2021 – 2023.
Надворешниот соработник ќе биде ангажиран (5) работни денови во периодот од 24 август до 10 септември, 2020. Во рамките на овај период, надворешниот соработник, заедно со координаторката на Базата на обучувачи на НМСМ и членови на Секретаријатот и Управниот одбор, ќе биде задолжен да придонесе кон:
– Ко-фасилитирање на средбата за стратешко планирање, кое ќе се одржи на интернет на 27 август 2020;
– Обработка на податоците од средбата и изготвување на Стратешки план 2021- 2023;
– Поддршка на Секретаријатот во подготовка на Годишна работна програма на НМСМ за 2021 година, согласно на одредбите од Стратешкиот план.
Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следните услови:
– Да ја познаваат работатат на Националниот младински совет на Македонија;
– Да имаат искуство во организација и фасилитирање на стратешко планирање и подготовка на Стратешки план;
– Да имаат искуство во подготовка на Работна програма на здруженија на граѓани.
– Да не се вклучени во работата на НМСМ или на организација членка на НМСМ. (или: До сега да не биле вклучени во рабоата на НМСМ, неговите тела и организации членки)
Заинтересираните кандидати треба да испратат своја кратка биографија и финансиска понуда задолжително на следните 2 адреси: [email protected] и [email protected] со назнака – Пријава за стратешко планирање на НМСМ, најдоцна до 12 август 2020.
Избраниот кандидат ќе биде известен најдоцна до 17 август 2020.
За прашања поврзани со повикот, пратете порака до Координаторката на Базата на обучувачи на претходно споменатите адреси: [email protected] и [email protected]