Повик за асистент на проектот “Поддршка на изборни реформи во Република С. Македонија”

“Поддршка на изборните реформи во Република Северна Македонија” е проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) и има за цел да ги поддржи демократските и веродостојни изборни процеси кои го олеснуваат политичкото учество и социјалната интеграција со тоа што на гласачите им овозможуваат да ги изберат своите претставници и од нив да бараат отчетност. Активностите воглавно се насочени кон три различни таргет групи, и тоа: изборната администрација, политичките партии и граѓанскиот сектор. Проектот е имплементиран од страна на Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС) во партнерство со Националниот младински совет на Македонија.

Период на реализација: август 2019 – тековно

 

Опис на главните работни задачи:

  • Помага во спроведување на проектните активности коишто се во ингеренција на Националниот младински совет на Македонија;
  • Ги собира, подготвува и доставува на увид до проектниот координатор сите извештаи и други неопходни документи пред истите да се испратат до ИФЕС;
  • Kомуницира со проектните партнери и соработници со цел да се обезбеди квалитет на испораките и извештаите доставени до ИФЕС, во согласност со соодветните упатства, услови за работа и стандарди за квалитет;
  • Помага за навремено доставување на редовни финансиски извештаи, како и извештаи за напредокот во работењето;
  • Презема оперативни, административни и логистички задачи согласно работниот план.

 

Квалификации:

  • Високо образование (во тек или завршено);
  • Искуство во подготовка и реализација на настани;
  • Одлично познавање на Microsoft Office алатките, познавање на алатки за дизајнирање и креирање на интерактивни содржини ќе се смета за предност;
  • Способност да работи со тим, под притисок и во ограничена временска рамка;
  • Одлично познавање на англиски јазик (познавање на албански јазик ќе се смета за предност);
  • Способност за непречена комуникација со организации, добавувачи и партнери;
  • Членување во организација членка на НМСМ ќе се смета за предност;
  • Можност да работи за време на викенди;
  • Можност да патува во рамките на државатa и надвор за потребите на проектот;
  • Искуството во работење со граѓанските организации ќе се смета за предност.

 

Услови за работа:

Позицијата е со работно време од 40 часа неделно во канцеларија во Скопје.

 

Плата: 21,000 денари нето.

 

Начин и рок за пријавување:

Заинтересираните кандидати треба да го испратат своето CV (на англиски јазик) и Мотивациско писмо (на англиски јазик) на следниот e-mail: [email protected] со наслов/назнака Проектен асистент_ (име и презиме) најдоцна до 25.12.2019 година, 23:59 ч.

Сподели