ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДА ЗА ИЗРАБОТКА НА ВЕБ ПЛАТФОРМА
Националниот младински совет на Македонија објавува повик за прибирање понуди за изработка и дизајн на онлајн платформа (веб портал) кој ќе служи за младинско информирање и простор за директна комуникација помеѓу организациите, институциите и младите и за промовирање на различни можности. Веб платформата е наменета за користење на организациите членки на Советот и за објавување на повици и можности за образование, надградба, волонтерство, стажирање, работа, конкурси и настани, во земјата и странство.
Во делот на технички спецификации се обезбедени информации и детали за поедноставно осмислување на понудите.
Карактерисактеристики што треба да бидат имплементирани:
- Веб апликација со поддршка на македонски јазик наменет за информативна содржина
- Веб стандарден код;
- Оптимизирани слики и графички решенија;
- Административен панел CSM
- Изработка и програмирање на заштитен административен дел со ограничен пристап, во кој право на пристап би имале одговорните лица и администраторот
- Можност за внесување на нови, едитирање на постоечките како и бришење на записи во базата.
- Едноставен за користење
- Календар на настани
- Пребарување
- Социјални мрежи и линкови за поврзување
- Google Analytics – Имплементација на код за Google Analytics, за анализа и следење на посетеноста.
Техничко одржување опфаќа:
- Техничко одржување на виртуелниот приватен сервер каде што се хостира site-ot (инсталација и конфигурација на оперативен систем и доделување на IP адреса)
- Дневен Back up на податоци
- Restore на податоци
- Чистење на диск од непотребни логови и/или back up фајлови
- Техничкото одржување треба да опфати и одредени промени/модификации на постоечките модули и функционалности најмногу до 5 часа во месецот
Ве повикуваме да ни доставите финансиска понуда според барањата, нацрт предлог за веб платформата и временска рамка во која би била изработена платформата најдoцна до 11.09.2020, 23:59 часот по електронски пат на [email protected].
Критериуми за утврдување на техничката или професионалната способност на понудувачот се: креирање на веб страни, информативни портали, како и работа на веб-страници на невладини организации.