Повик за доставување понуди за експертски услуги

За потребите на проектот „Социјално претприемништво за младинско вработување“, отвораме повик за експертски услуги за изработка на baseline study за социјални претпријатија во Македонија.

За проектот

Главна цел на проектот е да поттикне економско зајакнување и развој на социјални претпријатија предводени од млади. Преку различни активности, проектот ќе обезбеди можности за градење капацитети за невработени млади лица, a истовремено ќе ги води низ процес на саморазвој и раст во полето на социјалното претприемништво како модерен начин на самовработување. Проектот се стреми да воспостави поволна средина за младинско социјално претприемништво со што би се намалила невработеноста кај младите; да ги зајакне компетенциите и капацитетите на ранливите млади; да го промовира социјалното претприемништво предводено од млади; да ги вклучи младите во социјалните претпријатија како и да обезбеди простор за прибирање средства за имплементација на нови идеи за социјални претпријатија. Главни активности на проектот се: детална анализа на социјалното претприемништво, градење на капацитетите преку обуки за меки вештини, претприемништво, прибирање средства и вклучување во заедницата, финансиска поддршка за социјални претпријатија преку грантова шема, веб платформа за прибирање финансиски средства која исто така ќе служи и  како национален ресурсен центар за социјално претприемништво како и  креирање на Национален акциски план за младинско вработување 2022-2025.

За ангажманот

Експертот/правниот субјект ангажиран за изработка на baseline study е предвидено својот ангажман да го заврши помеѓу 01 април и 31 мај 2022. За ангажманот се предвидени вкупно 25 консултантски денови.  На експертот на располагање ќе му стојат ресурсите на Националниот младински совет на Македонија, вклучувајќи го и проектниот тим. Со избраниот експерт/правен субјект ќе се одржи информативен состанок за проектот каде ќе се специфицира методологијата по која ќе биде изработена анализата. Ангажираниот експерт/правен субјект ќе биде исплатен по целосното завршување на анализата и по нејзиното одобрување од страна на донаторот.

Очекувани резултати

Експертот/правниот субјект ќе треба да: 

  • Мапира  постоечки социјални претпријатија кои функционираат во Македонија;
  • Мапира области во кои работат постоечките социјални претпријатија;
  • Мапира услуги/продукти кои ги нудат овие социјални претпријатија;
  • Креира на регистар на социјални претпријатија (име на претпријатие, мејл адреса, телефонски број на одговорно лице, адреса, локација);
  • Процени капацитетите со кои располагаат социјалните претпријатија;
  • Го добие бројот на вработени и демографски податоци за вработени во социјалните претпријатија.

Во апликацијата потребно е да се содржани следните документи:

  • Финансиска понуда (документи во прилог, анекс 1, анекс 3)
  • Tековна состојба на добавувачот (доколку е правно лице), не постара од една година
  • Методологија (анекс 6)
  • Биографија на експертот со референци/Портфолио на правниот субјект и биографии на тимот кој ќе работи на анализата
  • Потпишана изјава за ексклузивност и достапност, (документ во прилог, анекс 5)  
  • Потпишана изјава (за правни субјекти) дека нема правни пречки за реализација на активноста (документ во прилог, анекс 4);

 

Начин на аплицирање:

На повикот имаат право да се пријават сите заинтересирани правни и физички лица. Повеќе детали за условите и начинот на пријавување можете да најдете во документот „Услови за работа“.

Понудата се доставува до Национален младински совет на Македонија (ул.Вељко Влаховиќ 7/1-1, 1000 Скопје) или скенирана на е-поштa [email protected]

Како наслов на електронската порака наведете: ,,За тендер бр. IPA/2021/427-552/2022/03-11/1  и текстот „Апликација/Понуда за”.

Документите во понудата доставени по е-пошта треба да се скенирани и со печат и потпис од одговорното лице/понудувачот (доколку е физичко лице).

Документацијата која се поднесува во копија треба да е заверена од понудувачот со печат и потпис од одговорното лице, со назнака „Верно на оргиналот“.

Понудата треба да се достави во рок од 10 дена од датумот на повикот, не подоцна од 20.03.2022 година (недела), до 16:00 часот.

 

Проектите финансирани од ЕУ се ослободени од сите давачки, даноци и такси, вклучувајќи го и данокот на додадена вредност (ДДВ). Оттаму, единечните цени кои вклучуваат ДДВ нема да бидат прифатени.

Сите понудувачи кои доставиле понуди и ги исполнуваат условите ќе бидат разгледани од страна на евалуционата комисија и соодветно известени. 

 

Сподели