Повик за доставување понуди за изработка на промотивни видеа
За проектот
Балкански млади: Поврзување на едукацијата, способностите и партнерскиот потенцијал во регионалните практики за вработување е меѓународен проект кој се спроведува во Белгија, Црна Гора, Турција Босна и Херцеговина, Албанија, Србија и Северна Македонија. Главната цел на проектот е да придонесе за младински претприемачки можности и да ги зајакне перспективите за вработување на младите од Западен Балкан. Проектот започна да се имплементира во март 2020 година, а ќе трае до февруари 2023 година.
За ангажманот
Избраниот понудувач ќе треба да подготви 2 кратки промотивни видеа кои ќе бидат дел од кампања за застапување поврзана со претприемништво. Секое видео треба да биде во времетраење од најмногу 3 минути во HD резолуција погодна за споделување на социјални медиуми од кои едното треба да биде анимирано видео.
Понудувачот треба да:
- се погрижи видеата да бидат лесно разбирливи и наменети за пошироката јавност;
- ги прилагоди видеата за објавување на интернет и телевизија;
- селектира локации за снимање и логистички ги организира снимањата;
- поседува исправна опрема за снимање видео и аудио материјал;
Продуктот (видеата) кој ќе произлезе од ангажманот ќе останат во сопственост на Националниот младински совет на Македонија.
Начин на аплицирање
Сите заинтересирани правни или физички лица потребно е да достават документи до 09.02.2023 година, на [email protected], со наслов „Апликација за изработка на видеа – By Leap – назив/име и презиме”. Во апликацијата потребно е да се содржани следните документи:
- Кратки професионални биографии на лицето/лицата кои ќе бидат ангажирани за спроведување на активностите што се предмет на договорот;
- Портфолио со досега сработени проекти (листа со линкови кои водат до продуцираните видеа);
- Финансиска понуда (документ во прилог, Aнекс 3);
- Tековна состојба на добавувачот (доколку е правно лице), не постара од една година;
- Потпишана изјава (доколку се работи за правно лице) дека нема правни пречки за реализација на активноста (документ во прилог, Aнекс 4);
- Потпишана изјава за ексклузивност и достапност, (документ во прилог, Aнекс 5);
Сите документи потребни за аплицирање, достапни се на овој ЛИНК.
Целиот повик е достапен во документот УСЛОВИ ЗА РАБОТА.