Повик за експерт за изработка на прирачници за работа на националните механизми за младинско учество

Националниот младински совет на Македонија објавува повик за ангажирање на eксперт за изработка на прирачници за функционирање на Националното собрание на млади и Националното советодавно тело за младински политики согласно Законот за младинско учество и младински политики за потребите на проектот „Функционални механизми за активно младинско учество на национално ниво“.  Главната цел на проектот е да се зајакне учеството на младите во процесите на носење одлуки на национално ниво преку воспоставување на механизмите во скогласност со Законот за младинско учество и младински политики. Проектот е поддржан со грант Национална интервенција на регионалниот проект „СМАРТ Балкан – Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан“ имплементиран од Centar za promociju civilnog društva (CPCD), Центар за истражување и креирање политики (ЦИКП) и Институт за демократија и медијација (ИДМ) , а финансиски поддржан од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка.

Експертот ќе биде ангажиран за 9 работни дена во период од 2 месеци (април 2025 – мај 2025 година). На повикот имаат право да се пријават сите сите заинтересирани физички и правни лица.

Се очекува експертот да ги исполни следните задачи:

  • Да спроведе анализа и истражување на добри практики од регионот за функционирање на механизми за младинско учество на национално ниво и анализа на документи и закони кои го дефинираат функционирањето на механизми за младинско учество на национално ниво;
  • Да изработи прирачници за функционирање на Националното собрание на млади и Националното советодавно тело за младински политики;
  • Да реализира консултативна средба со формите на младинско организирање за подготвените прирачници;
  • Подготовка на извештај за реализацијата на задачите.

Начин на аплицирање

Сите заинтересирани правни или физички лица потребно е да достават документи до 09.04.2025 година, на [email protected], со наслов „Апликација за експер – SB – назив/име и презиме”. Во апликацијата потребно е да се содржани следните документи:

  • Биографија на апликантот;
  • Предлог методологија за реализација ангажманот (Анекс 1);
  • Финансиска понуда (Анекс 2);
  • Изјава за ексклузивност и достапност (Анекс 3);
  • Изјава за непостоење на услови за исклучување на добавувач за извршување на услуги за проектот (Анекс 4, доколку аплицира правно лице).

 

Повеќе детали за
условите и начинот на пријавување можете да најдете во документот „Услови за работа“.

Целосниот повик е достапен на следниот линк.

 

Сподели