ПОВИК ЗА ИЗБОР НА РЕГИОНАЛНИ КАНЦЕЛАРИИ НА НАЦИОНАЛНИОТ МЛАДИНСКИ СОВЕТ НА МАКЕДОНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КООРДИНАТОРИ НА КАНЦЕЛАРИИТЕ

Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) објавува повик за регионални канцеларии во Македонија, кои ќе имаат за цел да послужат како инфо/контакт точки за млади и младински организации и да понудат поддршка и советување за истите. Покрај тоа, канцелариите ќе понудат и поддршка при вмрежување, креирање на политики и кампањи за застапување на младински прашања на локално и регионално ниво, советување при комуникација на национално и меѓународно ниво, совети за основање организација и останати активности поврзани со работа со млади.

Со отворањето на секоја Регионална канцеларија на НМСМ е предвидено и назначување на едно лице од организацијата за регионален координатор на истата. Координаторот го назначува организацијата која аплицира за Регионална канцеларија на НМСМ преку доставување на професионална биографија на лицето заедно со сите останати документи за апликација.

Организациите кои ќе се кандидираат за регионални канцеларии треба да се регистрирани и активни во следниве плански региони во Македонија:

Североисточен, Југозападен, Источен, Пелагониски, Југоисточен, Вардарски и Полошки.

 Од секој регион, ќе биде избрана по една регионална канцеларија. Регионалните канцеларии имаат мандатен период од 2 години со право на реизбор. Регионалните канцеларии во соработка со Секретаријатот на НМСМ ќе спроведуваат, координираат и ќе бидат одговорни за активности кои одговараат на стратешките цели на НМСМ, поточно на соодветната стратешка област за која сеодговорни на регионално ниво.

 Главни цели и задачи на регионалните канцеларии со мандат 2021-2023 се:

 

  • Професионализација и јакнење на капацитетите на младински организации и други форми на младинско организирање на регионално ниво, со цел воспоставување на одржлива организациска структура
  • Организирање на обуки за јакнење на капацитети на младински организации и други форми на младинско организирање
  • Менторство на локални младински организации
  • Зајакнување на младинското учество на регионално ниво
  • Мониторинг и застапување за спроведување на Законот за младински политики и младинско учество на регионално ниво
  • Зајакнување на младинското учество и промовирање на инклузивни модели и практики за дијалог со интитуциите на локално и регионално ниво
  • Консултации со млади и младински организации на локално ниво за политики, прашања и закони релевантни за младите
  • Застапување на младински политики и процеси релевантни за младите на локално и регионално ниво, како главни лидери во застапувањето

 

  • Промоција и зајакнување на позицијата на НМСМ како легитимно претставничко тело на младите за застапување на нивните интереси на локално, регионално, национално и меѓународно ниво.
  • Редовно и навремено информирање за различни можности за млади кои се спроведуваат од НМСМ и организациите – членки, како и останати отворени можности за млади
  • Зајакнување на препознатливоста на НМСМ како легитимно претставничко тело на младите, преку организирање на отворени денови, информативни кампањи и други активности

 

 

Услови кои треба да ги исполнуваат организациите за Регионална канцеларија на НМСМ:

  • Да се  членки  на Националниот младински совет на Македонија и да работат и делуваат во некој од горенаведените региони;
  • Да имаат постојана канцеларија каде што може да се објавуваат предвидените активности со улогата на регионална канцеларија на НМСМ;
  • Да имаат соодветни информатичко-технолошки     услови (компјутер,      интернет, телефонска линија) што ќе им овозможи соодветно да ги исполнуваат активностите;
  • Да имаат  капацитети  да работат со млади и да одговорат на нивните потреби како регионална канцеларија;
  • Да имаат експертиза и искуство во застапување, јакнење на капацитети на граѓански организации и младинско информирање;
  • да имаат искуство во мониторинг на спроведување на политики на локално и регионално ниво;
  • Да имаат соработка со организациите од регионот во кој работат.

При повеќе пријавени за одреден регион, предност ќе се даде на организациите кои имаат вработени лица.

Основни обврски и задачи на Регионалните канцеларии на НМСМ:

  • Номинирање на лице за регионален координатор чии квалификации, обврски и задачи се пропишани во документот со опис на работните задачи на регионалните координатори;
  • Промоција на Националниот младински совет на Македонија;
  • Мапирање на локални организации за потенцијални членки на НМСМ и нивно мотивирање за приклучување кон НМСМ;
  • Логистичка поддршка за активности на Националниот младински совет на Македонија кои се спроведуваат во соодветниот регион, а кои се во доменот на програмата за работа на регионалните канцеларии;
  • Линк помеѓу младински граѓански организации, институции, млади и Националниот младински совет на Македонија;
  • Координација и мониторинг на тематските активности на НМСМ во регионот, со посебен фокус на имплементацијата на Закон за младинско учество и младински политики;
  • Имаат флексибилен временски распоред во однос на спроведување на активностите.
  • На барање на Секретаријатот на НМСМ, во исклучителни ситуации избраната регионална канцеларија би била одговорна и за обезбедување на логистичка поддршка за настани кои се надвор од тематските области наведени во повикот.

 

Рок и начин на пријавување

Сите заинтересирани организации треба да ги достават следниве документи:

– Пополнета апликација, достапна на следниот линк.

– Рокот за пријавување е до 15-ти декември.

Сподели