Повик за консултант за ученички и младински компании

Во рамки на проектот „Балкански млади: поврзување на едукацијата, способностите и партнерскиот потенцијал во регионалните практики за вработување“ отвораме Повик за консултант за ученички и младински компании.

За ангажманот:

Консултантот е потребно да подготви 2 акти кои ќе бидат прилагодени на националниот контекст во Северна Македонија, и тоа:

а) акт за регулирање на модел на ученичка компанија во Северна Македонија;
б) акт за регулирање на модел на младинска компанија во Северна Македонија.

Повеќе информации за консултантот за ученички и младински компании најдете тука.
Целосниот повик е достапен тука.
Сите потребни документи за аплицирање се достапни тука.

На повикот имаат право да се пријават сите заинтересирани правни и физички лица, а понудата се доставува до Национален младински совет на Македонија (ул.Вељко Влаховиќ 7/1- 1, 1000 Скопје) скенирана на е-поштa [email protected]. Како наслов на електронската порака наведете: „Апликација за консултант – By Leap – назив/име и презиме”.

Понудата треба да се достави во рок од 14 дена од датумот на објавување на повикот, не подоцна од 28.03.2022 година (вторник), до 16:00 часот.

Сите понудувачи кои доставиле понуди кои ги исполнуваат условите ќе бидат разгледани од страна на евалуционата комисија и соодветно известени.

Сподели