Повик за координатор на грантови за проектот „Поддршка на изборните реформи во Северна Македонија“
Во согласност со Организацискиот прирачник на НМСМ (член XII. Делот за Политика на раководење со персоналот; Процес на вработување, потточка вработување), и за целите на спроведувањето на проектните активности од проектот за Поддршка на изборните реформи, финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка, НМСМС ја отвора оваа проектна позиција.
I Основни податоци за проектот:
Главна цел: Демократските и кредибилните изборни процеси го олеснуваат политичкото учество и социјалната интеграција преку овозможување на гласачите да изберат свои претставници коишто ќе бидат отчетни пред граѓаните.
Резултат 1: Зајакнатите институции спроведуваат фер и ефикасни изборни процеси.
Резултат 2: Внатрешно демократизираните политички партии претставуваат изборни политики и програми ориентирани кон граѓаните.
Резултат 3: Политичките партии и избраните функционери се отчетни пред своите граѓани
Донатор на проектот: Швајцарската агенција за развој и соработка – СДЦ
Имплементатори на проектот: Меѓународната фондација за изборни системи – ИФЕС и Националниот младински совет на Македонија – НМСМ
Корисници на проектот: Изборната администрација, владините агенции/институции, политичките партии, организациите на граѓанското општество, гласачите/граѓаните.
II ОПИС НА ЗАДАЧИТЕ за позицијата: Координатор на грантови
Координаторот на грантови ќе биде одговорен за спроведувањето на активностите доделени на Националниот младински совет на Македонија.
Клучните обврски ќе вклучуваат:
- Координирање на имплементацијата на грантовите (микро-грантовите и шемата за мобилизирање на заедницата) на дневна основа со цел да се исполнат индикаторите договорени со донаторот во согласност со утврдените рокови во рамките на одобрените буџети и работните планови;
- Планирање на активностите, организирање на средби со вклучените актери, следење на критичните прашања, приоритетизирање на стратешките прашања и работење во насока на остварување на очекуваните резултати;
- Работењето во тесна соработка со координаторот на проектот, водечкиот ментор експерт и ИФЕС канцеларијата во врска со прашањата поврзани со планирањето, поврзувањето на програмските и оперативните процеси и постигнувањето на планираните резултати;
- Финансискo, материјално и програмско следење и евалуација на грантовите, идентификација на оперативните и финансиските проблеми, изработка на решенија;
- Навремена подготовка и поднесување на извештаи за напредокот и финансиските извештаи до раководителите на НМСМ и ИФЕС;
- Одржува врски со релевантните национални и меѓународни чинители.
Квалификации:
- Завршено високо образование
- 5 години работно искуство во раководење со програми, и постојано демонстрирање на капацитет во водењето на ефективна имплементација на комплексни проекти, вклучувајќи и менаџирање и работа со податоци и подготвување на извештаи;
- Искуство во обезбедување на влезни податоци и во координирање на спроведувањето на микро-грантови и шеми за грантови;
- Искуство во обезбедувањето на поддршка во пишувањето на извештаи за проектите;
- Силна способност за комуникација на англиски јазик и докажана способност за соработка и навремено испорачување на резултати во работата.
ШТО НУДИМЕ?
Позитивна работна средина
Простор за професионална и лична надградба
Менторство и поддршка во исполнување на работните задачи
Флексибилно работно време
Платен годишен одмор од 24 дена
Дополнително приватно здравствено осигурување
Позицијата е со полно работно време (40 часа неделно)
Почетна плата: 25.000,00 денари нето.
III КАКО ДА АПЛИЦИРАТЕ
- CV на англиски јазик (PDF)
- Една страница Мотивациско писмо на англиски јазик (PDF)
Да се испрати до [email protected] со наслов на пораката Координатор на грантови _ (име и презиме), најдоцна од 01.12.2020, 23:59h.