Повик за млади лица за учество на саем за Вработување во модна индустрија
Ве покануваме на првиот саем за „Вработување на млади во модна индустрија“ кој го организираме во соработка со Fashion Weekend Skopje, во склоп на 25-тото издание на Моден Викенд – Скопје . Саемот ќе се одржи на 25-ти јуни 2022 година во Градскиот парк во Скопје.
Идејата со саемот е да се мотивираат млади талентирани студенти кои за првпат сакаат да излезат на пазарот на труд преку иновативен начин – Youth Booth односно спроведување на интервјуа кои би се одржале од 12:00 до 14:00 часот. Студентите ќе имаат можност да се запознаат со работодавци и доколку постои можност да се вработат кај некој од нив, односно ќе имаат можност да го отпочнат процесот на вработување за време на самиот настан.
Доколку сте заинтересирани да бидете дел од Youth Booth, ве повикуваме да го испратите вашето CV/портфолио на е-маил адресите: [email protected] и [email protected] .
Рокот за пријавување е 20.06.2022.
По завршување на рокот за пријавување, вашите биографии ќе бидат споделени со компаниите кои се заинтересирани за учество во овој сегмент од настанот. Доколку некоја компанија е заинтересирана да спроведе интервју со вас, нашиот тим ќе ве контактира за да ги договориме деталите.
Се надеваме дека ваквиот настан ќе биде од голема важност за вас и дека ќе ви овозможиме простор за вмрежување, запознавање на клучни актери од модната индустрија и ќе ви ги зголемиме шансите за потенцијално вработување.
Моден Викенд Скопје, Национален младински совет на Македонија, Македонско Модно Здружение