Повик за обуки за градење на капацитетите на граѓански организации

За проектот

Балкански млади: поврзување на едукацијата, способностите и партнерскиот потенцијал во регионалните практики за вработување е меѓународен проект кој се спроведува во Белгија, Црна Гора, Турција Босна и Херцеговина, Албанија, Србија и Северна Македонија. Главната цел на проектот е да придонесе за младински претприемачки можности и да ги зајакне перспективите за вработување на младите од Западен Балкан. Проектот започна да се имплементира во март 2020 година, а ќе трае до февруари 2023 година.

За обуките за градење на капацитети

Во склоп на овој проект, Национален младински совет на Македонија отвара повик за граѓански организации кои имаат потреба од градење на капацитетите во три области: застапување, креирање на политики и обезбедување на фондови (fundraising).

Предвидените дати за обуките се следниве:

  • Обука за креирање на политики

Ќе се утврди дополнително.

 

  • Обука за застапување – 14.12.2020, 15.12.2020 и 16.12.2020

Програмата за обуката за застапување ќе обезбеди приказ на успешни и неуспешни кампањи за застапување, видови и начини на застапување, дефинирање засегнати страни, целни групи и нивно мапирање. Дополнително, во склоп на обуката ќе се опфатат и алатки за застапување базирано на докази. Во текот на обуката ќе се работи низ практични примери, а секој од учесниците ќе изработи план за застапување на тема која самостојно ќе ја изберат и утврдат.

 

  • Обука за обезбедување фондови (fundraising) – 14.12.2020, 15.12.2020 и 16.12.2020

Програмата за обуката за обезбедување на фондови ќе биде фокусирана на 4 главни начини за прибирање на фондови и тоа: традиционални донатори, создавање на сопствени услуги и продукти, користење на општествена одговорност и употреба на crowdfunding моделот. Идејата преку овој пристап е да се подигне свесноста кај граѓанските организации за различните можности за финансирање а и да ги поттикне да ги применат знаењата во пракса и да креираат сопствени модели. Како дополнителем клучен дел ќе биде опфатено промовирање и маркетинг како неопходен дел од прибирање на средствата.

Обуките ќе се реализираат електронски, преку платформата ZOOM. Работниот јазик на обуките ќе биде македонски јазик. Обуките ќе траат по 4 часа на ден.

Обуките се наменети за граѓански организации кои работат во некое од следниве полиња:

  • Млади
  • Претприемништво
  • Вработување
  • Соработка и работа со бизнис секторот

Начин на аплицирање

Сите заинтересирани организации може да аплицираат преку следниов линк, најдоцна до 10.12.2020 година, до 23:59 часот. По завршувањето на рокот за аплицирање, избраните организации ќе бидат контактирани со повеќе детали. При голем број на апликации, предност ќе се даде на мали организации и организации од рурални средини.

 

Сподели