Повик за обучувачи за обуки за граѓански организации
Опис на проектот
Балкански млади: поврзување на едукацијата, способностите и партнерскиот потенцијал во регионалните практики за вработување е меѓународен проект кој се спроведува во Белгија, Црна Гора, Турција Босна и Херцеговина, Албанија, Србија и Северна Македонија.
Главната цел на проектот е да придонесе за младински претприемачки можности и да ги зајакне перспективите за вработување на младите од Западен Балкан.
Главни активности на проектот се: национални конференции за претприемништво, обуки за градење на капацитети, вебинари и менторство на граѓански организации, промоција на учеството на студентските компании во образовните системи на Западен Балкан, регионален документ за јавни политики, job shadowing за граѓански организации, студиска посета. Преку овој проект ќе има можност и за менторирање и субгрантирање на граѓански организации и студентски компании.
Таргет групи на проектот се студентски компании, млади лица и студенти, граѓански организации, наставници, средни училишта, парламенти, стопански комори и носители на одлуки.
Проектот започна да се имплементира во март 2020 година, а ќе трае до февруари 2023 година.
- Задачи на обучувачите
Во склоп на проектот е предвидено да се реализираат три тридневни обуки за претставници на граѓански организации. Предвидените терминиза спроведување на обуките се следниве:
Обука | Дати на одржување |
Обука за креирање на политики | 07.12.2020
08.12.2020 09.12.2020 |
Обука за обезбедување на фондови (fundraising) | 14.12.2020
15.12.2020 16.12.2020 |
Обука за застапување | 07.12.2020
08.12.2020 09.12.2020 |
Обуките е предвидено да се реализираат електронски, преку платформата ZOOM. Работниот јазик на обуките ќе биде македонски јазик.
Преку овие обуки, проектот се стреми да придонесе кон градење на можностите за младинско претприемништво и зајакнување на перспективите за вработување на младите и да ја зајакне мрежата за едукација за претприемништво. Од обучувачите се очекува преку обуките да обезбедат соодветна поддршка на граѓанските организации кои работат во полето на младинска невработеност и претприемништво и да ги зајакнат нивните капацитети за соработка со локалните и националните власти во насока на унапредување на младинското претприемништво и справување со младинска невработеноста.
За таа цел, НМСМ отвара повик за избор на обучувачи, кои во соработка со проектниот тим на НМСМ ќе ја финализираат програмата за обуките и ќе ги одржат обуките.
Специфични задачи кои обучувачите треба да ги реализираат во сколп консултантскиот дговор се следниве:
- Подготовка на целокупна програма за тематската област за која аплицраат;
- Организирање на консултативни средби со претставници од НМСМ за финализирање на програмата на обуката;
- Подготовка на материјали за учесниците на обуките;
- Имплементација на три обуки во минимум 20 учесници на обуката;
- Подготовка на извештај по завршување на обуката.
Потребни квалификации на апликантот:
- 5 годишно искуство во спроведување на обуки за млади лица поврзани со учество, застапување, креирање на политики и/или мобилизирање на фондови:
- Можност за работа преку електронска платформа;
- Запознаеност со граѓанскиот сектор;
- Одлично познавање на македонскиот јазик;
- Ентузијазам, посветеност и претприемачки дух;
- Можност да работи самостојно, со минимална потреба од супервизија;
- Да користи алатки за неформално образование;
- Да поседува вештини за тимска работа;
- Релевантно образование во областа за која аплицира ќе се смета за предност .
Обучувачитее потребно да го познаваат и локалниот контекст за младинска невработеност и претприемништво, како и да поседуваат информации за постоечки документи и стратегиина национални ниво кои ги опфаќаат овие области.
- Начин на аплицирање
Заинтересираните кандидати е потребно да достават:
- Професионална биографија
- Минимум еднапрепорака за претходно реализирани обуки
- Предлог програма за тридневна обука а за темата за која што аплицираат
- Финансиска понуда.
Потребните документи се доставуваат на [email protected], со назнака „Апликација за тренер за ByLeap – темата за која се аплицира“, најдоцна до 25.11.2020 година, до 16.00 часот. Пријавите пристигнати по рокот нема да бидат земени во предвид.