ПОВИК ЗА ПРАВНИ СУБЈЕКТИ ЗА ВКЛУЧУВАЊЕ ВО ПРАКТИКАНСКА ПРОГРАМА

  1. За проектот

Проектот „МладиХаб – градење вештини за вработување, компетенции и можности за вмрежување за младите” го спроведуваат Националниот младински совет на Македонија и Младинската група. Проектот е финансиран од Британската амбасада во Скопје и поддржан од Претседателот на Република Северна Македонија, а неговата цел е да придонесе кон професионален развој и економска независност на младите преку одржлив систем за градење вештини и компетенции прилагодени на потребите на пазарот на труд. Оваа цел проектот ќе ја постигне преку три компоненти, и тоа:

  • Градење практични вештини кај младите што ќе им помогнат да најдат соодветно работно место;
  • Креирање можности за поврзување на младите со работодавачите и
  • Обезбедување поддршка за млади за вклучување на пазарот на труд и можности за нивен личен и професионален развој.

 

  1. За повикот

Во склоп на компонентата за градење на вештини кај младите, Националниот младински совет на Македонија отвара повик за правни субјекти (граѓански организации и претпријатија) кои сакаат да бидат дел од практикантска програма која ќе им помогне на младите да се стекнат со работно искуство и работни вештини преку кои ќе ја зголемат својата компететивност на пазарот на трудот. На овој начин, НМСМ ќе делува како посредник помеѓу младите заинтересирани за практиканство и правните субјекти кои сакаат да работат со практиканти, односно ќе селектира соодветен практикант согласно потребите на правниот субјект.

 

  1. Услови и бенефиции од учество во програмата

 

Граѓанските организации и претпријатијата кои ќе се пријават за практикантската работа ќе добијат:

  • Поврзување со соодветен практикант во согласност со потребите на правното лице од страна на НМСМ
  • Покирвање на нето месечен надомест од 12.500 денари во времетрање од два месеци за практикантот
  • Поддршка во процесот на практиканство
  • Потенцијал за обликување и градење на нов кадар во организацијата преку практикантската програма.

 

Правните субјекти кои имаат желба да примат практикант, треба да ги исполнуваат следните услови:

  • Да имаат најмалку еден вработен
  • Да имаат регистрирано профил на careerhub.mladihub.mk
  • Да имаат својство на правно лице.

 

Правните субјекти кои сакаат да бидат дел од програмата за финансиска поддршка за реализација на практиканство ќе биде потребно да:

  • Назначат одговорно лице кое ќе го менторира практикантот
  • Назначат одговорно лице кое ќе комуницира со НМСМ за потребите на практикантската програмат
  • Праќаат месечен извештај за напредокот на практикантот
  • Го оценат задоволството од учеството во ваквата програма по нејзиниот завршеток.

 

Сите правни лица за кои НМСМ ќе мапира соодветен практикант ќе бидат контактирани со цел поврзување со практикантот и подготовка за реализација на практиканството. НМСМ ќе понуди целосна поддршка во времетраење на практикантската програма. Практикантската работа се очекува да започне најдоцна до октомври 2021 година, а ќе трае два месеци.

 

  1. Начин на апликација

Заинтересираните граѓански организации и претпријатија треба да го изразат својот интерес преку пополнување на пријавата која е достапна на следниот линк. Пријавата треба да биде пополнета не подоцна од 25.07.2021 година, на полноќ. Доколку се потребни дополнителни информации за проектот или повикот, слободно обратете се на [email protected] или на 070 399 058.

Сподели