ПОВИК ЗА ПРАКТИКАНТИ

За повикот

Практикантската програма ќе обезбеди финансиски надоместок за 30 млади лица кои сакаат да поминат низ двомесечна практикантска програма. НМСМ ќе ги мапира правните субјекти кај кои пријавените практиканти може да ја извршуваат праксата, имајќи ги предвид преференците на правните субјекти и интересите на практикантите. За учеството во практикантската програма со избраниот практикант НМСМ ќе случи двомесечен договор кој ќе ги регулира правата и обврските на двете страни. Практикантството може да се реализира од 1 декември 2023 до 31 јануари 2024 година, и двомесечната практикантска работа мора да биде непрекината.

 

Услови и обврски за учество во програмата

Сите заинтересирани кандидати за учество во практикантската програма потребно е да:

  • Бидат на возраст од 15 до 29 години;
  • Да не се во работен однос;
  • Да имаат завршено најмалку основно образование;
  • Да можат да извршуваат практикантска работа во времетраење од два месеци во назначен правен субјект.

Избраните кандидати ќе ги имаат следниве услови за извршување на практикантската работа:

  • Назначено ментор лице во правниот субјект каде ќе се изведува практикантството кое ќе ги следи во текот на целата пракса;
  • Назначено одговорно лице од НМСМ кај кое ќе може да се обратат во текот на целата пракса;
  • Месечен бруто надоместок во висина од 150 фунти;
  • Можности за учество и вмрежување на настани од проектот;
  • Можност за вработување по завршување на практиканството;
  • Стекнување на нови вештини, знаења и компетенции.

Обврските кои ќе ги имаат практикантите се следните:

  • Уредно, совесно и навремено извршување на доделените задачи;
  • Учество во секојдневната работа на правниот субјект каде ќе биде извршувана практиканстската работа;
  • Чување на класифицирани и доверливи податоци стекнати за време на практиканството;
  • Почитување на интерните протоколи и прирачници за работа на правниот субјект каде се извршува практиканството;
  • Да пополнува месечен извештај за практикантската работа кој ќе служи за потребите на проектот.

 

Начин на пријавување

Заинтересираните кандидати треба да имаат регистрирано профил на платформата CareerHub и да го пополнат формуларот достапен на овој линк најдоцна до 19 нoември 2023, до полноќ. Доколку се потребни дополнителни информации за проектот или повикот, слободно обратете се на [email protected] или на 070 399 058.

 

За проектот

Проектот „Еднакви можности за девојчињата и младите жени во Северна Македонија” го спроведува Националниот младински совет на Македонија во соработка со Stella Network. Проектот е финансиран од Британската амбасада во Скопје, а неговата цел е да ги поддржи и поттикне девојките и младите жени на возраст од 15 до 29 години во Северна Македонија да бидат поактивни во општеството и да креира поеднаков пристап до можностите во јавниот живот, во приватниот сектор и со тоа во процесот на донесување одлуки на локално и национално ниво.

Оваа цел проектот ќе ја постигне преку три компоненти, и тоа:

  • Улогата на жената во општеството – разбирање на концептите за родова еднаквост во креирањето и спроведувањето на политиките (национална анализа за нееднаквоста помеѓу младите, национална кампања за покревање на свест за родова еднаквост, локални јавни настани за поддршка на млади девојки);
  • Програма за одржливо менторство за жени, особено на локално ниво (менторство, обука за наставници, поддршка на локални младински совети, поддршка на локални младински иницијативи, креирање на локални младински стратегии);
  • Овозможување економска независност за младите жени и девојки (кариерно советување, практикантство, мобилна апликација за практиканти).
Сподели