ПОВИК ЗА ПРИКЛУЧУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИИ КОН НАЦИОНАЛЕН МЛАДИНСКИ СОВЕТ НА МАКЕДОНИЈА
Сакате да станете членка на НМСМ и се прашувате како?
Токму за вас отворивме нов повик и ги очекуваме апликациите во пресрет на Генералното собрание на НМСМ во април 2021!
На кого се однесува?
- Младински организации,
- Организации за млади,
- Сојузи,
- Подмладоци на други организации
- Универзитетски собранија.
Дел од придобивките на членувањето во НМСМ се:
- Соработка и заедничко делување со организации од целата држава за подобри услови за младите,
- Вмрежување и партнерство со организации кои имаат ист или сличен делокруг на работа,
- Учество во процеси при креирање на соодветни политики кои овозможуваат социјален и личен развој на младите,
- Можност за застапување и делување во името на интересите на младите и младинските организации преку соработка со институциите,
- Развој на капацитетите преку зајакнување и промоција на улогата на младинските организации пред институциите и засегнатите страни,
- Информации и известувања за можностите и проектите кои ги нудат останатите организации,
- Промовирање на вашите активности, настани и ресурси преку платформата Млади.мк.
Како да аплицирате?
На [email protected] испратете ни ги скенирани документите заедно со
пополнетиот образец за прием во членство најдоцна до 30 март 2021, до 23:59 часот.
1. Пополнет образец – барање за прием во членство;
2. Статут;
3. Тековна состојба (не постара од шест месеци);
4. Организациска шема;
5. Годишни наративни и финансиски извештаи за последните две години;
6. Доказ за свикување на седница на Генерално собрание или друг највисок
орган на управување;
7. Одлука за членување во НМСМ од тело овластено да ја донесе таа одлука
согласно Статутот и внатрешните акти на подносителот;
8. Програма за работа според која организацијата ќе ги реализира своите
активности во наредниот период, од најмалку 6 месеци.
Потоа нашиот тим ќе дојде на посета кај вас да се запознаеме и да ни кажете повеќе
за вашата организација. Одлуката за членство ја донесува Собранието на НМСМ каде
што ќе бидете поканети да ја претставите вашата работа на Генералното собрание во
април 2021.
Во продолжение може да ги прочитате критериумите за полноправно и придружно членство, кои се наоѓаат од член 15 до член 24 од Статутот на НМСМ.
Младинска организација – полноправно и придружно
Организација за млади – полноправно и придружно
Подмладок на организација – полноправно и придружно
Сојузи – полноправно и придружно
Универзитетски собранија – полноправно и придружно
За секакви прашања обратете се на [email protected] или на 078 350 531.
Ја очекуваме вашата апликација!