ПОВИК ЗА ПРИКЛУЧУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИИ КОН НАЦИОНАЛЕН МЛАДИНСКИ СОВЕТ НА МАКЕДОНИЈА

Сакате да се вмрежите и да соработувате со други организации кои работат на локално, регионално и национално ниво? Тогаш НМСМ е вистинската мрежа за вас!

 

На кого се однесува повикот?

  • Младински организации,
  • Организации за млади,
  • Сојузи,
  • Подмладоци на други организации,
  • Универзитетски собранија.

 

Дел од придобивките на членувањето во НМСМ се:

  • Соработка и заедничко делување со организации од целата држава за подобри услови за младите;
  • Вмрежување и партнерство со организации кои имаат ист или сличен делокруг на работа;
  • Учество во процеси при креирање на соодветни политики кои овозможуваат социјален и личен развој на младите;
  • Можност за застапување и делување во името на интересите на младите и младинските организации преку соработка со институциите;
  • Развој на капацитетите преку зајакнување и промоција на улогата на младинските организации пред институциите и засегнатите страни;
  • Информации и известувања за можностите и проектите кои ги нудат останатите организации;
  • Промовирање на вашите активности, настани и ресурси преку платформата Млади.мк.

 

За НМСМ:

Преку програмата за стратешки развој на НМСМ, активно креираме и имплементираме активности во насока на градење на капацитетите на сите форми на младинско организирање како и поддршка на младите лица во секој аспект од нивното секојдневие. Во оваа насока, клучните области во кои ја имаме изградено својата експертиза се развој и градење на капацитетите на формите на младинско организирање, личен и професионален развој на млади, благосостојба на млади и младински стандард, соработка со национални и меѓународни институции/организации и други чинители а во насока на поддршка на формите на младинско организирање, истражувања поврзани со млади и форми на младинско организирање и застапување базирано на овие истражувања.

Програмата за добро владеење се фокусира на поттикнување и предводење на процеси за креирање на младински политики; унапредување и мониторирање на веќе-постоечките; застапување и соработка со/пред сите релевантни чинители (национални, регионални и меѓународни) со цел унапредување на положбата и благосостојбата на младите. Програмата има за цел да ги афирмира младите како активни носители на права. Оттаму, клучни области на работа на програмата за добро владеење се: младинско учество; младински политики; истражувања и застапување поврзано со младинско учество и младински политики; политики за младински стандард; политики за вработување; соработка со национални и меѓународни институции/организации.

 

Како да аплицирате?

На [email protected] испратете ни ги скенирани документите заедно со пополнетиот образец за прием во членство најдоцна до 30 април 2023, до 23:59 часот.

  1. Пополнет образец – барање за прием во членство (достапно тука);
  2. Статут;
  3. Тековна состојба (не постара од шест месеци);
  4. Организациска шема;
  5. Годишни наративни и финансиски извештаи за последните две години (за полноправно членство);
  6. Одлука за членување во НМСМ од тело овластено да ја донесе таа одлука согласно Статутот и внатрешните акти на подносителот;
  7. Годишна програма за работа, или стратешки план, според која организацијата ќе ги реализира своите активности во наредниот период.

По завршување на административниот дел и комплетирање на документацијата, нашиот тим ќе дојде на посета кај вас да се запознаеме и да ни кажете повеќе за вашата организација и интересот за членство во НМСМ. Одлуката за членство ја донесува Собранието на НМСМ.

Во продолжение може да ги прочитате критериумите за полноправно и придружно членство кои се наведени и во Статутот на НМСМ.

Младинска организација – полноправно и придружно членство.
Организација за млади – полноправно и придружно членство.
Подмладок на организација – полноправно и придружно членство.
Сојузи – полноправно и придружно членство.
Универзитетски собранија – полноправно и придружно членство.

 

За секакви прашања обратете се на [email protected] или на 078 350 531.

Сподели