ПОВИК ЗА УЧЕСТВО ВО ПРОГРАМА ЗА МЕНТАЛНО ЗДРАВЈЕ

Преку оваа програма за ментално здравје ќе се поддржат 100 млади девојки и жени на возраст од 16-29 години. Предност ќе се даде на лица кои доаѓаат од рурални средини, млади во ризик, млади без здравствено осигурување и НЕЕТ млади (млади кои не се во процес на едукација, вработување или тренинг).

Ќе се поддржат вкупно 100 девојки кои ќе добијат промо кодови за бесплатно користење на мобилната апликација relaxifyapp.com која е достапна за Андроид и IOS.

1. Повеќе за програмата и мобилната апликација
Апликацијата relaxifyapp.com се користи во повеќе чекори. Најпрво, се пополнува прашалник кој не одзема повеќе од 10-тина минути а кој содржи 25 прашања. Прашалникот е насочен кон одредување на нивото на благосостојба во кое се наоѓате. Вториот чекор е добивање на резултати од прашалникот, кој на скала од 1 до 1000 го одредува нивото на когнитивна, социјална, емоционална и физичка димензија на благосостојбата. Следниот чекор кој апликацијата го нуди е прилагодена дневна програма која се фокусира на вашите потреби согласно резултатите добиени од психолошкиот тест. Самата мобилна апликација ќе ви дава задачи, вежби и пеку употреба на други технички ќе може да преминете кон последниот чекор а тоа е следење на подобрувањата и
на унапредувањето на вашата состојба.

2. Услови и обврски за учесниците:
Обврските на младите девојки кои ќе се учеснички на програмата се следните:
– активно да ја користат апликацијата по активирање на промо кодот (со цел да не го одземат местото на некој кому навистина му е потребна оваа поддршка)
– да пополнат евалуација за задоволството и индивидуалниот напредок по истекот на користењето на апликацијата.

НМСМ во соработка со тимот на relaxifyapp.com обезбедува:
– 100 бесплатни кодови за користење на апликацијата relaxifyapp.com на 100 млади девојки
– Техничка и логистичка поддршка при користење на апликацијата.

3. Начин на пријавување
Заинтересираните кандидати треба да го пополнат формуларот достапен на следниот линк најдоцна до 23.03.2024 година. Доколку имате прашања, слободно обратете се на [email protected] или на 070 399 058.

Напомена: сите сензитивни податоци дадени при пополнувањето на формуларот за пријавување ќе бидат искористени само и единствено со цел кодовите да се доделат на оние млади лица на кои ова им е најпотребно. По завршувањето на програмата сите податоци ќе бидат избришани и нема да бидат искористени за други активности.

Сподели