ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА РАЗБИРАЊЕ И СОРАБОТКА

Во рамки на Регионалниот состанок одржан во Белград од 3 до 5 август, претставници на Националниот младински совет на Србија, Националниот младински совет на Македонија, Младинскиот совет на Федерацијата Босна и Херцеговина,  Младински совет на округот Брчко, Младинскиот совет на Република Србија и Младинската мрежа на Црна Гора, потпишаа Меморандум за разбирање и соработка. Потпишувањето на овој меморандум има за цел да ја зајакне веќепостоечката соработка, комуникација и разбирање помеѓу овие организации.

На отворањето на Регионалниот состанок, освен претставници на младинските организации, имаше и претставник од Советот за регионална соработка, а се придружија и претставници од Регионалната канцеларија за младинска соработка (РИКО) во Србија и претставници на Делегацијата на ЕУ во Србија.

Целта на овој Меморандум е да се зајакне позицијата на младинските чадор организации, но исто така и да се отвори правецот на партнерство, кое се базира на принципите на меѓусебно почитување и разбирање, сојуз, афирмација и споделување искуства и експертиза.

Потпишувањето на Меморандумот за разбирање и соработка е голем успех за младите луѓе од Западен Балкан.

Регионалниот состанок на младинските чадор организации од Западен Балкан организиран во Белград беше поддржан од Младинската лабораторија на Западен Балкан, спроведена од Советот за регионална соработка.

Сподели