Прашалник за перцепцијата на младите за можностите за основање и водење сопствен бизнис

Оваа прашалник е дел од проектот WEB4YES (Граѓански организации на Западен Балкан за поддршка за младинско вработување), кој претставува иницијатива на регионално ниво со цел е да се обезбеди иновативен меѓусекторски пристап и да се понудат опции за подобрување на можноста за вработување на младите од регионот на Западен Балкан. Во рамки на проектот, НМСМ спроведува национална кампања за законско решение кое би го стимулирало младинското претприемништво во државата. За таа цел, во тек е подготовката на анализа на перцепцијата на младите за можностите за основање и водење сопствен бизнис.

  • За да го дадете вашиот придонес кон анализата, ве замолуваме да го пополните прашалникот на линкот.
    (https://forms.gle/YHm91q5e1BrNTNfLA)

 

Проектот има за цел да се фокусира на изнаоѓање решение за постоечките предизвици кои произлегуваат од недоволната соработка меѓу чинителите од граѓанското општество и државните власти во земјите од Западен Балкан во политичките процеси и донесувањето на одлуки во насока на реформскиот процес кој се однесува на невработеноста на младите. Проектот, меѓу другото има и за цел да ги зајакне чинителите од граѓанското општество со цел тие да дадат значителен придонес во решавањето на многу прашања од областа на вработувањето и претприемништвото преку нивните активности за застапување и надзор на национално, регионално и локално ниво и на тој начин да стават поголем фокус на потребите на младите граѓани во креирањето политики.

Координатор на Проектот е Белградската отворена школа, а партнерите на проектот се: Здружението надвор од границите (Тирана, Албанија), Здружението за демократски просперитет – ЗИД (Подгорица, Црна Гора), Институтот за развој на млади КУЛТ (Сараево, Босна и Херцеговина) НВО Ленс (Приштина, Косово*), Националниот младински совет на Македонија (Скопје, Македонија) и Меѓународниот центар Олоф Палме (Стокхолм, Шведска).

Сподели