Продолжен Повик за ментор за трансформација на ученички и младински бизнис иницијативи во мали и средни претпријатија
Во рамки на проектот „Балкански млади: поврзување на едукацијата, способностите и партнерскиот потенцијал во регионалните практики за вработување“ го продолжуваме Повикот за ментор за трансформација на ученички и младински бизнис иницијативи во мали и средни претпријатија.
За проектот:
Балкански млади: поврзување на едукацијата, способностите и партнерскиот потенцијал во регионалните практики за вработување е меѓународен проект кој се спроведува во Белгија, Црна Гора, Турција Босна и Херцеговина, Албанија, Србија и Северна Македонија. Главната цел на проектот е да придонесе за младински претприемачки можности и да ги зајакне перспективите за вработување на младите од Западен Балкан. Проектот започна да се имплементира во март 2020 година, а ќе трае до февруари 2023 година.
За ангажманот
Работните задачи на Менторот опфаќаат:
- Креирање на процесот за избор на младински и ученички бизнис иницијативи за учество во програма за трансформација и раст;
- Поддршка на растот и трансформацијата на избраните иницијативи во мали и средни претпријатија;
- Придонес во креирањето на пакет алатки за трансформација на регионално ниво
Менторот ќе биде ангажиран за 40 работни дена во период од 7 месеци ( август 2022 – февруари 2023 година), од кои 7 дена за активност бр. 1, 26 дена за активност бр. 2 и 7 дена на активност бр.3.
Очекувани резултати
Се очекува консултантот да ги исполни следните задачи:
- Да подготви процес за избор на младински и ученички бизнис иницијативи за учество во програма за трансформација и раст;
- Да обезбеди поддршка во трансформацијата на избраните иницијативи во мали и средни претпријатија;
- Да учествува во подготовката на пакет алатки за трансформација на регионално ниво;
- Подготовка на извештај за реализацијата на задачите.
Понудата треба да ги содржи следниве информации:
- Финансиска понуда
- Tековна состојба на добавувачот (доколку е правно лице), не постара од една година;
- Кратка биографија на експертот со референци;
- Потпишана изјава за ексклузивност и достапност,
- Потпишана изјава (доколку се работи за правно лице) дека нема правни пречки за реализација на активноста.
Начин на аплицирање:
Сите заинтересирани правни или физички лица потребно е да достават документи до 24.06.2022 година, на [email protected], со наслов „Апликација за ментор – BY LEAP – назив/име и презиме”. Во апликацијата потребно е да се содржани следните документи:
Целосниот повик е достапен на овој ЛИНК.
На повикот имаат право да се пријават сите заинтересирани правни и физички лица. Правните лица можат да аплицираат со тим од двајца консултанти. Повеќе детали за условите и начинот на пријавување можете да најдете во документот „Услови за работа“.
Проектите финансирани од ЕУ се ослободени од сите давачки, даноци и такси, вклучувајќи го и данокот на додадена вредност (ДДВ). Оттаму, единечните цени кои вклучуваат ДДВ нема да бидат прифатени.
Понудата се доставува до Национален младински совет на Македонија (ул.Вељко Влаховиќ 7/1- 1, 1000 Скопје) скенирана на е-поштa [email protected]
Како наслов на електронската порака наведете: ,„Апликација за ментор – BY LEAP – назив/име и презиме”.
Докумените во понудата доставени по е-пошта треба да се скенирани и со печат и потпис од одговорното лице/понудувачот(доколку е физичко лице).
Документацијата која се поднесува во копија треба да е заверена од понудувачот со печат и потпис од одговорното лице, со назнака „Верно на оргиналот“.
Понудата треба да се достави најдоцна до 24.06.2022 година (петок).
Сите понудувачи кои доставиле понуди кои ги исполнуваат условите ќе бидат разгледани од страна на евалуционата комисија и соодветно известени.