[Публикација] МЛАДИНСКО ВРАБОТУВАЊЕ – КЛУЧНИ ПРЕДИЗВИЦИ ЗА ПОЛИТИКИТЕ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН

Оваа публикација е дел од проектот WEB4YES, кој претставува иницијатива на регионално ниво чија цел е да се обезбеди иновативен меѓусекторски пристап и да се понудат опции за подобрување на можноста за вработување на младите од регионот на Западен Балкан. Проектот WEB4YES се спроведува во сите 6 земји од Западен Балкан, а Националниот младински совет на Македонија ги имплементира активностите за Р.Македонија.
Публикацијата МЛАДИНСКО ВРАБОТУВАЊЕ – КЛУЧНИ ПРЕДИЗВИЦИ ЗА ПОЛИТИКИТЕ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН се осврнува на клучните предизвици на политиките за вработување на младите засновани врз компаративната анализа, чија цел е да ги означи областите на потенцијална соработка меѓу организациите на граѓанското општество и јавните институции во Западниот Балкан и на тој начин да придонесе кон намалувањето на невработеноста на младите.
Можете да ја симнете на овој линк.