Пуштена во употреба регионалната платформа WEB4JOBS
Со голема возбуда го најавуваме пуштањето во употреба на најголемата регионална платформа WEB4JOBS!
ШТО Е WEB4JOBS?
Web4Jobs е платформа која поврзува млади невработени лица од регионот на Западен Балкан за подобрување на нивниот степен на знаење на националниот пазар на трудот и предусловите за успешен влез на пазарот на труд. Платформата ја интегрира и промовира мобилноста на младите луѓе во Западен Балкан, како и обезбедувањето национални е-услуги на самото место. Платформата служи како регионална платформа за вработување и ќе го олесни аутсорсингот и виртуелната работа на регионално ниво.
Овој проект претставува иницијатива на регионално ниво чија цел е да се обезбеди иновативен меѓусекторски пристап и да се понудат опции за подобрување на можноста за вработување на младите од регионот на Западен Балкан. Проектот има за цел да се фокусира на изнаоѓање решение за постоечките предизвици кои произлегуваат од недоволната соработка меѓу чинителите од граѓанското општество и државните власти во земјите од Западен Балкан во политичките процеси и донесувањето на одлуки во насока на реформскиот процес кој се однесува на невработеноста на младите.
Поддршката за овој Проект е обезбедена преку Програмата за организациите на граѓанското општество и медиумите за 2016 – 2017 Консолидирање на регионалните тематски мрежи на организациите на граѓанското општество од Европската комисија. WeB4YES проектот ќе трае 36 месеци почнувајќи од јануари 2018 година.
—————-
Платформата можете да ја прегледате ТУКА!