[ПРОДОЛЖЕН РОК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ] ЈАВЕН ПОВИК за финансиска поддршка на локални младински иницијативи

Во рамки на проектот „Заедници инкузивни за млади“ отвораме повик за финансиска поддршка на локални младински иницијативи.

 

ЗА ПРОЕКТОТ „ЗАЕДНИЦИ ИНКЛУЗИВНИ ЗА МЛАДИ“

Главна цел на проектот е подобрување на локалното владеење преку зголемена инклузивност и општествено влијание на младите во локалниот демократски живот. Клучните засегнати страни се младински граѓански организации, локални младински совети, единици на локална самоуправа и граѓани. Крајни корисници се младите, со посебен фокус на ранливите групи (лица кои живеат во екстремна сиромаштија, ромска етничка заедница, деца, жени, лица со попреченост, ЛГБТИ популација). Проектот е дизајниран со цел да ги вклучи сите млади во општеството, односно да формира инклузивни општества, кои се од клучно значење за демократијата, да издејствува директно влијание на младите врз креирањето и спроведувањето на локалните политики, со цел да им го олесни животот на непривилегираните, односно на причините и последиците од нееднаквоста, вклучително и полот, маргинализацијата и дискриминацијата, како и справувањето со потребите на обесправените и ранливите групи, кои треба да се  подржани од локалните заедници. Проектот го имплементира Националниот младински совет на Македонија во партнерство со Фондација за развој на локалната заедница – Штип, SFERA International Битола и Платформа за младинско јакнење ЈЕП – Гостивар.

 

ЗА ПОВИКОТ

Целта на повикот е да се зголеми вклученоста на младите во процесите на јавни политики и одлучување преку влијателна имплементација на локалните услуги предвидени во Законот за младински политики и младинско учество.

 

Приоритети на повикот

  1. Унапредување и воспоставување на механизми за младинско учество и сервиси за млади на локално ниво
  2. Креирање на локални младински политики и вклучување на младите во процесите на креирање на јавни политики
  3. Зајакнување на капацитетите на надлежните институции и општините за спроведување на одредбите од законот за младинско учество и младински политики
  4. Подигнување на свесета кај младите и младинските организации за важноста од имплементација на одредбите на законот за младинско учество и младински политики

 

Видови на апликанти или категории на апликанти подобни за финансиска поддршка

Повикот е отворен за сите младински организации, организации за млади и младински чадор организации во Република Северна Македонија.

* Секој апликант може да аплицира засебно или во партнерство со младински организации кои ги исполнуваат горенаведените критериуми.

 

Времетраење на предложените пректи/иницијативи

Период на реализација на активностите е од 1 ноември 2023 година до 30 јуни 2024 година (минимум 6 месеци – максимум 8 месеци).

 

Средства

Вкупната сума за овој повик е 112 500 евра. Минималната сума која може да биде побарана е 5000 евра а максималната сума која може да биде побарана е 7500 евра.

 

Поднесување на пријавите

Пријавата за овој повик се состои од:

  1. Образецот за пријавување (Анекс 1);
  2. Образец за предлог – буџет (Анекс 2);
  3. Логичка рамка (Log-frame) на проектот (Анекс 3);
  4. Копија од тековна состојба од Централен регистар не постара од 1 година од датумот на објавување на повикот на апликантот и ко-апликантот/ко-апликантите;
  5. Копија од решението за регистрација во регистарот на АМС за младински организации, организации за млади и чадор организации, согласно Законот за младинско учество и младински политки на апликантот и ко-апликантот/ко-апликантите;
  6. Годишен наративен и финансиски извештај за претходната година за апликантот;
  7. Кратки биографии на персоналот вклучен во проектот.

 

Целосниот повик е достапен на овој линк

 

Пријавите се доставуваат најдоцна до 16.00 часот, 31.08.2023 на следната адреса: [email protected].

НАПОМЕНА: РОКОТ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ НА ПОВИКОТ Е ПРОДОЛЖЕН ДО 11 СЕПТЕМВРИ 2023 ГОДИНА.

 

Продолжување на рокот за аплицирање на јавниот повик за финансиска поддршка на локални младински иницијативи.

 

Прашања  во  врска  со  повикот  можат  да  бидат  поставени  исклучиво по писмен пат на e-mail: [email protected], најдоцна до 10.08.2023. Одговорите на поставените прашања ќе бидат објавени на www.nms.org.mk најдоцна до 16.08.2023 година.

Национален младински совет на Македонија ќе организира една инфо сесија која ќе се одржи електронски, на платформата ZOOM. Сесијата ќе се одржи на 15.08.2023, со почеток од 12:00 часот. Сите заинтересирани за сесијата може да се пријават на следниот линк.

 

Одговорите на често поставуваните прашања во врска со повикот можете да ги најдете тука.

 

Важно известување: Ги информираме сите апликанти на Повикот за финансика поддршка на Локални младински инцијативи, дека Комисијата за евалуација го продолжува процесот на евалуација. Резултатите од истиот ќе бидат објавени на 10 октомври (вторник).

Сподели