7 години постоење на Националниот младински совет на Македонија
На денешен ден [29.06 2013] е формиран Националниот младински совет на Македонија.
Денес Националниот младински совет на Македонија прославува 7 години постоење. Низ овие 7 години Националниот младински совет на Македонија го оправда епитетот најголемо претставничко тело за младите во државата и успешно ги застапува младите и нивните права на локално, национално и меѓународно ниво.
Оваа година поради здравствената криза предизвикана од Ковид-19 вирусот ќе се прослави на малку поинаков начин. Оваа недела ја нарековме Недела на НМСМ и низ бројки ќе ги претставиме успесите на НМСМ и нејзините членки.
Со почит Национален младински совет на Македонија