Членки

Сојузи

Младински организации

Здружение за европска интеграција - Европска гледна точка

Здружение за европска интеграција - Европска гледна точка

Здружението за европска интеграција Европска Гледна Точка (ЕГТ) – Битола, е формирано во 2014 година од страна на студенти на студиската програма Европски Интеграции и Менаџирање со Европски Проекти, при Факултетот за администрација и менаџмент на информациски систем. Стекнатото знаење од предавањата на факултет, ги мотивираше да формираат едно здружение фокусирано на Европските интеграции и европските проекти. ЕГТ е непрофитабилно здружение кое опстанува од месечна членарина и од соработки со партнери и донации. Здружението е отворено за соработка со други организации и институции како и за примање на нови членови.Здружението на граѓани за европска интеграција ЕГТ – Битола во рамките на својата работа ќе превзема активности во насока на промоција и поддршка на интеграциите на Република Македонија во ЕУ. Преку разменување на искуства, комуникации со членови на различни здруженија и пошироката популација, ќе се реализира запознавање на поголем број на граѓани со процесот на интеграција на РМ во ЕУ како и пишување и реализирање на ЕУ проекти.

Организации за млади

Центар за развој на заедницата (ЦРЗ) Светла Иднина - Кочани

Сумнал

Сумнал

Сумнал организира и изведува различни образовни и општествени активности, како и активности кои го градат карактерот во врска со материјалот кој се учи во редовните училишта и наставните планови подготвени од Министерството за образование и наука. За само неколку години услугите кои ги обезбедува Сумнал драстично се зголемија, иако организацијата остана верна на првичната мисија и цели. Преку соработка со заедницата, соработка со Советот на родители и воспоставување блиски односи со локалните училишта, Сумнал е во можност да ги идентификува и да започне да излегува во пресрет на дополнителните потреби на заедницата. Области во кои Сумнал делува: развој на граѓанското општество, меѓуетнички односи, толеранција, култура, деца, младинци и студенти, стари лица, здравје и здравствена заштита, информации, комуникација и медиуми.

Мултикултура

Мултикултура

Мултикултура е водечка организација за граѓански права која промовира младински активизам и учество во донесување одлуки и развој на културна и меѓуетничка толеранција и соработка, основана во август 2000 година. иот форум како еден од органите на здружението го сочинуваат самите волонтери. Главен приоритет за работењето на здружението се меѓуетничките односи преку едукативни програми за поддршка на толеранцијата, мирот и разбирањето. Главните цели на здружението се:
Бесплатна правна помош, помош за обезбедување подобри услови за лицата со попреченост, како и обезбедување минимални услови за заштита на достоинството и моралниот интегритет на лицата со попреченост и нивните семејства,организирање на различни настани за преадаптирање на училишните простории за да се обезбеди лесен пристап до лицата со попреченост, активно учество на младите во одлучувањето на локално и национално ниво,меѓукултурен дијалог на национално и меѓународно ниво, толеранција и мирно решавање на конфликти, намалување на невработеноста и унапредување на социјалната интеграција на младите

Про Локал - Битола

Про Локал - Битола

Про Локал е здружение на граѓани основано во Битола во 2009 година со цел унапредување на развојните процеси. Про Локал е доброволно и непрофитно, непартиско и невладино здружение кое работи на подобрување на условите за живот на граѓаните, особено на младите и севкупен одржлив развој на општеството. Про Локал ја заснова својата работа на добрата интернационална пракса водејќи се од принципите на демократичност и вклученост. Про Локал е регионална организација која делува во различни области, притоа генерирајќи идеи и практични решенија за унапредување на развојот на локалните заедници, локално владеење, децентрализација, регионален развој, рурален развој, развој на одржлив туризам, вклучување на младите и застапување на нивните потреби од сите населени места, рурални и урбани, во Пелагонискиот регион. Во организацијата се вклучени над 15 експерти од горенаведените области кои работат на различни проекти финансирани од домашни и странски донатори.

ЗИП Институт - Скопје

ЗИП Институт - Скопје

ЗИП Институт е независна, невладина организација која има за цел да ги подобри демократските процеси, владеењето на правото и развојот на граѓанското општество во Република Северна Македонија преку прилагодени решенија за најитните социјални, општествени и систематски проблеми. Клучна карактеристика на работата на ЗИП Институт се детални, сеопфатни анализи, иницијативи и акции на локално, национално и регионално ниво, како и поврзување на процесите на истражување и анализа со конкретни решенија за најосновните проблеми и придонесување кон процесите на креирање политики. Преку соработка со релевантни засегнати страни, како владини, невладини и регионални институции, ЗИП Институт има за цел да ги зајакне демократските процеси во Северна Македонија, да покаже почит кон владеењето на правото и да ги заштити човековите права и да обезбеди најдобри решенија за проблемите на граѓаните и институциите во македонското општество.

Интерактив - Битола

Интерактив - Битола

Здружението за меѓународна младинска соработка ИНТЕРАКТИВ од Битола е непрофитна, граѓанска младинска организација која има за цел да обезбеди можности за локалната младина но и соработка со младите на меѓународно ниво. Здружението е основано во јули, 2017 година во Битола, Република Северна Македонија. Целта на здружението е да развива активности и можности за младите во сферата на неформалното образование, промовирање на здрави животни навики, културата и уметноста како и граѓанско општество кои ги поттикнуваат позитивните вредности кај младите луѓе.

Подмладоци на други организации

Универзитетски студентски собранија

Придружни членки

Младински Форум на Демократска Партија на Турците на Македонија

Младински Форум на Демократска Партија на Турците на Македонија

Подмладок на Демократска Партија на Турците на Македонија.

Здружение за значењето на еколошкото образование

Здружение за значењето на еколошкото образование

ЗЕОООП Скопје овозможува едукација и проучување за важноста на образованието за животната средина во модернизација на образовниот процес, од гледна точка на социјалната екологија како посебна социологија која го проучува специфичен однос помеѓу човекот и неговата околина.

Здружение Ековита

Здружение Ековита

Здружението Ековита работи на Заштита и одржливо искористување на животната средина со вклучување на младите. Дејноста во која работиме е Екологија. Како здружение ние се залагаме за чиста животна средина и го слушаме гласот на граѓаните, односно, Архуската конвенција. Во нашето здружение работиме со биолози, млади агрономи, правник, младински активисти и волонтери. Нашето социјално претпријатие Mushroom network кое ќе одгледува печурки и истовремено ќе биде и сервис за одгледување печурки, во кој ќе се врши обука на лица кои припаѓаат во категоријата на: социално загрозени лица и млади невработени лица од рурални подрачја. Краткорочни цели кои се залагаме се: Давање стручна помош и поддршка за производство на различни видови печурки во производствениот погон, како мрежа ќе помогнеме и во делот на пласманот на печурките, ќе воспоставиме дигитална продавница за печурки – digital mushroom shop, ќе обезбедиме повеќе информации за хранливата вредност на печурките. Додека како Долгорочните цели – Намалување на невработеноста кај младите и влијание врз запирање на процесот на младинска миграција.

ЦСИ Надеж - Скопје

ЦСИ Надеж - Скопје

Здружението Центар за социјални иницијативи Надеж е невладина организација која активно се залага за подобрување на квалитетот на живот преку овозможување еднаков пристап до квалитетно образование, социјална интеграција и кое промовира и реализира активности за стекнување на вештини на младите и маргинализираните заедници со фокус на Ромите во Р. Северна Македонија. Ц.С.И. НАДЕЖ работи активно на спроведување на четири стратешки приоритети: 1) Овозможување на воспитно-образовна поддршка на деца и млади од маргинализирани семејства; 2) Подржување на ре-интеграцијата и вклученоста на повратниците од Европските земји во локалните заедници; 3) Зголемување на вклученоста на младите во локалните заедници; 4) Подобрување на социјалната вклученост на маргинализираните групи преку концептот на социјално претприемништво. Здружението работи на национално и меѓународно ниво.

Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари

Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари

Визијата на Иницијативата на жени на Шуто Оризари е дека секоја млада девојка и жена Ромка ги остварува своите социјални, економски и здравствени права, на еднаква основа со другите жени, без дискриминација.

Мисијата на Иницијативата на жени на Шуто Оризари е да биде водечка женска ромска организација која ќе ја застапува, омоќнува и едуцира млади девојки и жени Ромки да ги остваварат социјални, економски и здравствени права, без дискриминација, а истовремено обезбедува и нуди информации, социјални услуги и правна помош кон остварување на нејзините права.

Целта на Иницијативата за правата на жените на Шуто Оризари – Скопје е да секоја млада девојка и жена Ромка ги остварува слободно и еднакво своите социјални, економски и здравствени права, на еднаква основа со другите жени, без дискриминација. Здружението ќе ја остварува целта преку застапување, омоќнување и едуцирање млади девојки и жени Ромки за да ги остваварат
социјални, економски и здравствени права, без дискриминација, а истовремено преку обезбедување и нудење информации, социјални услуги и правна помош кон остварување на нејзините права.

Мапа на организации членки на НМСМ

Made with Padlet