Сакате да се вмрежите и да соработувате со други организации кои работат на локално, регионално и национално ниво? Тогаш НМСМ е вистинската мрежа за вас!
Во членството на НМСМ може да се приклучат:
- Младински организации;
- Организации за млади;
- Сојузи;
- Подмладоци на други организации;
- Универзитетски собранија.
Дел од придобивките на членувањето во НМСМ се:
- Соработка и заедничко делување со организации од целата држава за подобри услови за младите;
- Вмрежување и партнерство со организации кои имаат ист или сличен делокруг на работа;
- Учество во процеси при креирање на соодветни политики кои овозможуваат социјален и личен развој на младите;
- Можност за застапување и делување во името на интересите на младите и младинските организации преку соработка со институциите;
- Развој на капацитетите преку зајакнување и промоција на улогата на младинските организации пред институциите и засегнатите страни;
- Информации и известувања за можностите и проектите кои ги нудат останатите организации;
- Промовирање на вашите активности, настани и ресурси преку платформата Млади.мк.
Како да аплицирате?
На [email protected] испратете ни ги скенирани документите заедно со пополнетиот образец за прием во членство:
- Пополнет образец – апликација за членство (достапна на копчето подолу);
- Статут;
- Тековна состојба (не постара од шест месеци);
- Организациска шема;
- Податоци за раководството на организацијата;
- Годишни наративни и финансиски извештаи за последните две години (за полноправно членство);
- Одлука за членување во НМСМ од тело овластено да ја донесе таа одлука согласно Статутот и внатрешните акти на подносителот;
- Годишна програма за работа, или стратешки план, според која организацијата ќе ги реализира своите активности во наредниот период.