ГЛАСАЈТЕ ЗА НОМИНИРАНИТЕ КАНДИДАТИ ЗА НАГРАДАТА ЗА МЛАДИНСКО УЧЕСТВО

Агенцијата за млади и спорт (АМС), во соработка со Националниот младински совет на Македонија (НМСМ), ја повикува пошироката јавност да ги достави своите гласови за кандидатите за овогодинешната Награда за младинско учество  во индивидуална категорија, категорија на  неформални  групи на млади и категорија за младински организации, организации за млади и чадор младински организации.

 

ЗА НАГРАДАТА

Агенцијата за млади и спорт (АМС) во соработка со Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) ја доделуваат овогодинешната Награда за младинско учество. Наградата се доделува во три категории: индивидуална категорија (млади на возраст 15-29), категорија за неформални групи на млади (од најмалку 3 членови) и категорија за младински организации, организации за млади и чадор младински организации. Наградата има за цел да го препознае и валоризира трудот на младите при адресирање на различни општествени прашања.

Наградата за младинско учество препознава иницијативи на млади, неформални групи на млади и младински организации, организации за млади и чадор младински организации кои покажуваат: јасна визија за подобрување на заедницата кои се системски и одржливи во решавањето на приоритетните општествени прашања; исклучителна креативност, иновативност и лидерство во дефинирањето и решавањето на општествени прашања; и носат мерливи резултати во подобрувањето на заедницата или благосостојбата на општеството преку активностите на номинираниот.

Во индивиудална категорија номинирани се: Гоше Николов, Лука Павиќевиќ, Анисија Угриновска, Емили Митревска, Иван Трифунов, Вања Мицевска, Ања Саздова и Матеј Милосиевски.

Во категоријата неформални групи номинирани се: Амбасадори за воздух, Факултетско студентско собрание – ФЕИТ и Училишен спортски клуб ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“.

Во категорија за младински организации, организации за млади и чадор младински организации номинирани се: Здружение за истражување и промоција на енергетска ефикасност СКЕЕОР Скопје, Здружение на граѓани Младите можат, Здружение за меѓународна младинска соработка Интерактив – Битола, Здружение Лидери за едукација, активизам и развој (ЛЕАД), Здружение на граѓани ГРИТ Пробиштип и Центар за интеркултурен дијалог.

 

На следниот линк можете да дознаете повеќе информации и да гласате за номинираните кандидати.

 

Ве охрабруваме да го дадете својот глас во секоја од категориите и да ни помогнете да ги избереме овогодинешните победници.

Гласањето официјално ќе заврши на 6 август (недела).

Сподели