Оглас за финансиски и административен асистент

ГО ПРОШИРУВАМЕ ТИМОТ!

Сакате да работите во пријатна атмосфера, мотивирани и постојано со можност за напредок во кариерата?
Искористете ја оваа можноста која Ви ја нудиме и станете дел од нашиот успешен тим. Доколку сметате дека сте подготвени за работа во областа на финансиско раководење и администрација, продолжете да читате.

НМСМ ОБЈАВУВА ОГЛАС ЗА:

Работна позиција: Финансиски и административен асистент
Локација: Канцеларија на НМСМ, Скопје

Квалификации:

  • Искуство со раководење финансии и администрација на долгорочни проекти
    финансирани од странски донатори
  • Искуство со користење на финансиски и административен софтвер
  • Минимум две години соодветно работно искуство
  • Завршено високо образование (ќе се смета за предност)

Лични карактеристики и вештини:

  • Професионалност и посветеност
  • Способност за работа под притисок и куси временски рокови
  • Транспарентност
  • Тимска работа
  • Лојалност кон организацијата и нејзините цели


Опис на главни работни задачи:

1. Поддршка при подготовка на финансиско – административни документи за
проектно работење;
2. Следење и евиденција на буџетски трошоци на грантови;
3. Подготовка на месечни финансиско – административни извештаи;
4. Архивирање на документи;
5. Поддршка во подготовка на буџети и завршни сметки на НМСМ;
6. Обезбедува усогласеност на трошењата со внатрешните политики и
процедури;
7. Ги следи трошоците во рамки на буџетите и подготвува месечни, квартални и
годишни финансиски извештаи и извештаи за донатори;
8. Учествува во подготовка на годишен буџет и проектни буџети за нови проекти;
9. Води попис на инвентар;
10. Административно и техничко одржување на канцеларијата, грижа за опремата,
спроведување канцелариски набавки и услови;
11. Спроведува и други програмски задачи и задолженија во согласност со
моменталните потреби на НМСМ и во координации со Генералниот секретар;
12. Редовна координација со Генералниот секретар, финансиско-
административен менаџер и останатите вработени во Секретаријатот.

ШТО НУДИМЕ?

  • Позитивна работна средина
  • Простор за професионална и лична надградба
  • Флексибилно работно време
  • Платен годишен одмор од 24 дена
  • Дополнително приватно здравствено осигурување
  • Позицијата е со полно работно време (40 часа неделно)
  • Почетна плата: 22000 денари, нето износ.

КАКО ДА АПЛИЦИРАТЕ?

Испратете кратка биографија и мотивациско писмо на следната е-маил
адреса: [email protected] со назнака: [име и презиме] – Финансиски и
административен асистент во НМСМ најдоцна до 20.10.2021 до 23:59 часот.

* По завршување на процесот на селекција сите кандидати ќе бидат известени за
исходот.
** НМСМ го задржува правото да не избере ниту еден од апликантите и/или да го
продолжи повикот.

Сподели