ОГЛАС ЗА АСИСТЕНТ ЗА КОМУНИКАЦИИ

Поради зголемен обем на активности и проекти, НМСМ објавува оглас за:

Работна позиција: Асистент за комуникации

Локација: Канцеларија на НМСМ, Скопје

Профил на кандидатот:

  • Одлични комуникациски вештини;
  • Способност за работа во тим и почитување на дадените рокови за извршување на доверените задачи;
  • Можност да работи од канцеларија базирана во Скопје;
  • Можност да патува во рамките на државатa и надвор од неа за потребите на организацијата;
  • Да има капацитет да презема и извршува обврски со строго почитување на зададените рокови и да направи приоритет на работа;
  • Да има капацитет да работи со луѓе со различна социјална и културна позадина;
  • Самоиницијативност и способност за работа под притисок.
  • Членување во организација членка на НМСМ ќе се смета за предност;

Потребни знаења и вештини

  1. Најмалку 1 година релевантно работно искуство во комуникации, односи со јавност и социјални медиуми;
  2. Познавање и искуство со социјални медиуми и останати алатки за информирање и промоција;
  3. Одлично познавање на Microsoft Office и Google алатките;
  4. Напредно познавање на англиски јазик, познавање албански јазик ќе се смета за предност;
  5. Познавање на младинскиот сектор и младинските политки;
  6. Завршено високо образование во релеватна област (маркетинг/односи со јавност/комуникации) ќе се смета за предност;
  7. Познавање на алатки за дизајнирање (Photoshop, Canva) ќе се смета за предност;
  8. Искуство во снимање и монтирање кратки видеа ќе се смета за предност.

Опис на главните работни задачи:

  • Водење на профилите на социјалните медиуми на организацијата и нивно редовно ажурирање со нова содржина;
  • Подготовка на креативни решенија (текстови, фотографии, дизајни, кратки видеа) и други материјали за промоција на организацијата, организациите членки и активностите кои се спроведуваат;
  • Водење и одржување на веб страна на НМСМ и останатите онлајн платформи на НМСМ;
  • Подготовка на соопштенија за медиуми во соработка со менаџерот за комуникации, програмските менаџери, програмските координатори и Генералниот секретар;
  • Организација на прес-конференции и настани на НМСМ;
  • Организација на информативни кампањи за НМСМ;
  • Поддршка во процеси за креирање на нови веб страни и платформи на НМСМ и нивно одржување и ажурирање;
  • Обезбедување на онлајн достапност на сите позначајни документи (публикации, извештаи, позиции, видеа итн.) на организацијата;
  • Редовна и навремена имплементација на плановите за видливост и комуникациските стратегии на НМСМ во координација со менаџерот за комуникации;
  • Други активности во насока на постигнување на стратешките приоритети и цели на НМСМ.

Што нудиме?

  • Позитивна работна средина
  • Простор за професионална и лична надградба
  • Менторство и поддршка во исполнување на работните задачи
  • Флексибилно работно времe
  • Платен годишен одмор од 24 дена
  • Почетна нето плата од 27 000 денари (со платени придонеси).
  • Дополнително приватно здравствено осигурување
  • Позицијата е со полно работно време (40 часа неделно)

Како да аплицирате?

Испратете кратка биографија и мотивациско писмо на следната е-мејл адреса: [email protected] со назнака: [име и презиме] – Асистент за комуникации најдоцна до 21.05.2023 до 23:59 часот.

Само претселектираните кандидати ќе бидат контактирани и повикани на тестирање и интервју. 

НМСМ го задржува правото да не избере ниту еден од пријавените кандидати.

Сподели