ОТВОРЕН ПОВИК ЗА НОМИНИРАЊЕ НА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ НА НАЦИОНАЛЕН МЛАДИНСКИ СОВЕТ НА МАКЕДОНИЈА
Во пресрет на редовното годишно Собрание, Национален младински совет на Македонија отвара повик за номинирање на Потпретседател. Национален младински совет на Македонија (НМСМ) ги повикува сите заинтересирани членови на организациите членки на НМСМ да се пријават и да бидат дел од раководството на НМСМ.
Секој номиниран кандидат ќе има можност да ја претстави својата номинација за време на Генералното собрание. Изборот ќе се врши по пат на тајно гласање од страна на полноправните членки на НМСМ на Генералното собрание.
Според Статутот на НМСМ Потпретседателот e претставен преку:
Член 47 – Потпретседател
(1) Потпретседателот е орган на НМСМ кој му помага на претседателот во вршењето на работите од негова надлежност, го заменува во сите околности во случај на спреченост или отсуство и врши други работи и задачи што му ги пренесува претседателот.
За својата работа, Потпретседателот на НМСМ добива надоместок.
Изборот на потпретседател на НМСМ е регулиран со Член 66 од Статутот на НМСМ:
(1) Потпретседателот на НМСМ се избира со мандат во времетраење од две години, со можност за еден реизбор.
(2) Потпретседателот го избира Собранието на НМСМ со мнозинство гласови од вкупниот број гласови на Собранието.
(3) Доколку ниту еден од кандидатите не го освои мнозинството од став 2, се организира втор круг гласање во кој учествуваат прворангираниот и второрангираниот кандидат според бројот на гласови.
(4) Во вториот круг за избран ќе се смета оној кандидат што освоил мнозинство гласови од гласовите претставени на Собранието, но не помалку од 1/3 од вкупниот број гласови.
(5) Доколку на изборите е кандидиран само еден кандидат, тој ќе се смета за избран доколку освои мнозинство гласови од гласовите претставени на Собранието, но не помалку од 1/3 од вкупниот број гласови.
(6) За својата работа потпретседателот одговара пред Собранието на НМСМ.
Сите полноправни организации членки имаат право на номинација за еден член од својата организација.
Пријавувањето се врши со:
- Пополнување на формулар за аплицирање – потпретседател
При пополнување на формуларот, кандидатите за потретседател е потребно да ги прикачат следниве документи:
- Писмо за поддршка од организација која што го номинира
- CV на кандидатот
Кандидатот за потпретседател мора да биде на возраст од 18-35 години. Формуларот треба да се пополни најдоцна до 14 мај 2023 година, 23:59 часот (Централно европско време).
За повеќе информации обратете се на електронската адреса на НМСМ, [email protected] или на телефон 078 350 531.