OГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ МЕНАЏЕР ЗА КОМУНИКАЦИИ
Поради зголемен обем на активности и проекти, НМСМ објавува оглас за:
Работна позиција: Менаџер за комуникации
Локација: Канцеларија на НМСМ, Скопје
Профил на кандидатот:
- Одлични комуникациски вештини;
- Способност за работење во динамична работна средина;
- Можност да работи од канцеларија базирана во Скопје;
- Можност да патува во рамките на државатa и надвор од неа за потребите на организацијата;
- Да има капацитет да презема и извршува обврски со строго почитување на зададените рокови и да направи приоритет на работа;
- Да има капацитет да работи со луѓе со различна социјална и културна позадина;
- Самоиницијативност и способност за работа под притисок.
ПОТРЕБНИ ЗНАЕЊА И ВЕШТИНИ:
- Најмалку 2 годишно релевантно работно искуство;
- Високо образование во областа на комуникација и односи со јавноста (предност);
- Одлично познавање на македонски и англиски јазик, познавање на албански јазик ќе се смета за предност;
- Познавања и претходно искуство во граѓански организации, посебно во мрежи/сојузи/или младински организации, како и водење на мрежи и комуникација со јавност;
- Познавање на програми за дизајнирање, WordPress и Microsoft Office;
- Претходно искуство во организација на настани и креирање на промотивни материјали;
- Познавање и искуство со социјални медиуми и останати алатки за информирање и промоција;
ОПИС НА ГЛАВНИТЕ РАБОТНИ ЗАДАЧИ:
- Менаџирање на канцеларијата за комуникации и координација со асистент/ите за комуникации;
- Подготовка, развој и спроведување на комуникациски стратегии, правилници и други документи за комуникација со јавноста;
- Промовирање на постигнати резултати на НМСМ во координација со програмски менаџери и Генерален секретар;
- Креирање на нови алатки и механизми за зголемување на видливоста на работата на НМСМ;
- Грижа за видливоста на активностите на организацијата;
- Координација на видливоста на спроведувани активности на сите организации членки на НМСМ;
- Учество во подготовка на проекти, успешно и навремено планирање, спроведување и координирање на проектните активности за кои е задолжен/а;
- Подготовка на наративни (периодични, финални и ad hoc извештаи) за донатори, собрание и други засегнати страни;
- Редовна координација со Генералниот секретар, Програмски менаџери и Управниот одбор;
- Други активности во насока на постигнување на стратешките приоритети и цели на НМСМ.
ШТО НУДИМЕ?
- Позитивна работна средина
- Простор за професионална и лична надградба
- Менторство и поддршка во исполнување на работните задачи
- Флексибилно работно време
- Платен годишен одмор од 24 дена
- Почетна нето плата од 36 000 денари (со платени придонеси).
- Дополнително приватно здравствено осигурување
- Позицијата е со полно работно време (40 часа неделно)
КАКО ДА АПЛИЦИРАТЕ?
Испратете кратка биографија и мотивациско писмо на следната е-маил адреса: [email protected] со назнака: [име и презиме] – Менаџер за комуникации најдоцна до 02.11.2022 до 23:59 часот.
Претселектираните кандидати ќе бидат поканети на тестирање.
Само кандидатите кои ќе бидат селектирани за интервју ќе бидат контактирани.